Перуанските археолози откриле мумија стара повеќе од 1.000 години на периферијата на Лима, на местото Кајамаркила од времето пред Инките.
Мумијата е добро сочувана, откриена е во понеделникот во подземна гробница, а најверојатно станува збор за адолесцентна девојка, велат археолозите.
Тие изјавија дека мумијата била стара помеѓу 1.100 и 1.200 години, потсетувајќи дека минатата година во близина била пронајдена друга мумија.
На археолошкиот локалитет биле пронајдени и останки на осум деца и 12 возрасни лица, кои очигледно биле жртвувани пред околу 800 до 1.200 години, велат археолозите.
Распространетиот комплекс Кајамаркила содржи урнатини од четири пирамиди и други структури и се наоѓа на околу 20 километри од Лима.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















