3 лесни трика да станеме неодоливи

1643

Колку и да мислиме дека знаеме за начините со чија помош брзо и лесно да ја нагласиме убавината, секогаш се покажува дека има што ново да научиме.

За да ве збогатиме со знаење, ги нудиме некои од најдобрите совети за убавина. Некои од нив може да се чинат познати, други – чудни, но едно е сигурно – тие ќе го променат ритуалот на утро пред излегување.

Коктел од стајлинг производи за брановидна коса

Ако сакаме да се здобиеме со пријатни кадрици без тоа да не чини многу време и напор, процесот е многу лесен.

  • Косата се навлажнува, да не е премногу влажна или пак премногу сува.
  • Се зема мешавина од гел за сјај и гел за обликување на косата. Внимателно нанесете ја смесата врз дланката.
  • Потоа таа се нанесува рамномерно.
  • Косата се дели на 5 еднакви делови кои се намотуваат на 5 одделни кока.
  • По некое време, кога треба да излеземе, ја одвиваме косата и сме подготвени.

Ќе бидеме изненадени од резултатот.

Да постигнеме сјај со фон де тенот

Ако целта ни е кожата да изгледа свежа, можеме да додадеме мала количина ноќен крем кон пудрата, пред да ха нанесем врз лицето. Тоа е идеално решение, кога времето надвор е суво, како и за дамите со сува кожа.

За да ја намалиме маснотијата на лицето

Овој чекор е исклучително корисен за оние кои имаат многу мрсна кожа на лицето. Додека нема проблем да нанесуваме шминка врз сувите делови, препорачливо е да се воздржуваме во областите околу носот и брадата.

Сепак, ако се наметнува да нанесеме шминка и таму, мора да се увериме дека количините се минимални, а по нанесувањето треба да ставиме и проѕирна пудра. Таа штити од формирање на дополнителни масти и го подобрува изгледот на кожата.