Чистење на куќата не штити од рак на дебелото црево

914

Ако се придржуваме на неколку едноставни правила може да го спречиме развојот на еден од најсмртоносните видови на рак – ракот на дебелото црево, велат американските научници.

Медицинските лица нагласуваат дека ракот на цревата е еден од најчестите видови рак. Според нив, околу половина од сите нови случаи на рак на дебелото црево може да се избегнат ако ги контролираме штетните навики.

Ние ви ги нудиме препораките:

Одржувањето на нормалната тежина е сигурна превенција од оваа болест. Анализата на стотици истражувачи кои работат на проучување на морфологијата на ракот на дебелото црево, покажа дека луѓето кои ја одржуваат нормалната телесна тежина и се трудат да го спречат наталожувањето на масното ткиво околу половината, го намалуваат ризикот да заболат од рак на цревата.

Физичка активност е важно средство за превенција. Истражувачите укажуваат дека тоа не е задолжително утринското џогирање или систематските посети на спортски сали. Вообичаеното чистење на куќата може да даде позитивен ефект.

Редовното внесување на влакна е второто правило коешто го нагласија лекарите. Внесување на 10 грама од овие влакна во секојдневни оброци го намалува развој на рак на дебелото црево за 10%. Најдобар извор на целулоза се овошјето и зеленчукот и житариците.

Нучниците препорачуваат да се намали на минимум консумирањето на алкохолот и на црвеното месо. Особено ова се однесува на преработени производи од месо и деликатеси бидејќи тие се многу поопасни од печено или варено месо.