Сувото давење е голема опасност | Детето може да се удави и 24 часа по престојот во вода!

511

Кога вашето дете неподготвено ќе нурка, ќе падне од гумен чамец или едноставно ќе се наголта вода, брзо ќе го извлечете на брегот, ќе го загрнете со пешкир и ќе го утешите.

Можеби за неколку минути безгрижно ќе се игра во песокот, па дури и ќе се врати во водата и ќе помислите дека успешно сте ја надминале кризата. И тоа во повеќето случаи е точно, но добро е да се знае дека во оваа ситуација постои ризик од т.н. суво давење, кое може да се случи и до 24 часа од престојот во вода.

За суво давење зборуваме кога лицето наместо воздух во белите дробови ќе вдише вода. Во текот на летните месеци во посебна опасност се малите деца кои се лоши пливачи, заради што лесно може да вдишат морска или слатка вода во текот на пливањето во морето или базените.

Првиот симптом откако ќе инхалирате вода може да биде само кашлица, но другите, кои можат да бидат фатални, може да развијат и до 24 часа по штетниот настан, а симптомите се белодробен едем. Детето дише плитко и забрзано, кашла, има болки во градите, бледо е, повраќа, прекумерно се поти.

Она што родителите, освен пречките во дишењето, можат да го забележат се промени на однесувањето и екстремен замор, кои се резултат на недоволното доаѓање на кислород во мозокот, па сѐ до губење на свеста и на крајот смртен исход доколку навремено не се интервенира.

Лекувањето на сувото давење, објаснува, релативно е едноставно и успешно ако детето на време не се донесе во болница. Се состои во примена на кислород и диуретици – лекови за уринирање, кои, меѓу другото, се применуваат во третманот на белодробен едем.

Конечно, важно е да се каже дека, кај секаков сомнеж на давење, над детето треба интензивно да се врши надзор следните 24 часа, по можност во болница, за навремено да ги забележат симптомите на суво давење, да ги преземат сите неопходни мерки на третманот и да се избегне смртта.

Дополнителни совети за родителите би биле никогаш да не оставаат дете само без надзор на возрасно лице во близина на водата, вклучувајќи ја полната бања.