Дали си нимфоманка?

511

Колку често во текот на денот помислуваш на „она“? Обичниот секс не те задоволува? Цело време би гледала порнографски филмови? Попрво би купила нов вибратор отколку нови чевли?

Нимфоманијата е проблем што сериозно може да го оптовари животот на една личност, која оние без тој броблем не можат да ја разберат. Сепак, не секоја поголема желба за секс е знак дека сте нимфоманијак.

Ова се „симптомите“ што можат да те загрижат.

Сексот ги окупира твоите мисли во поголемиот дел од денот

Во ред е да помислуваш повремено на секс. Велат дека мажите помилсуваат на тоа дури неколку десетици пати во текот на 24 часа. Меѓутоа, нимфоманките не можат да се концентрираат на работата, филмот, книгата, домашните работи…од силната желба за допири. Ако и ти си забележала дека се случува вакво нешто, дека си подготвена да оставиш се` ако ти се пружи шанса за секс, обрни внимание колку често ти се случува тоа.

Списанија, филмови, музика…

Сексуалните алузии продреа во многу сфери од нашиот живот, уште од фрижидер да ни „излегуваат“ намирници спакувани во „секси амбалажа“. Тоа им пречи на многумина, но не и тебе. Дури ги купуваш сите магазини, филмови, музика на таа тема. Дали, можеби си претплатена на некој магазин од тој тип? Што е првото што ти се појавува на екранот кога ќе го уклучиш компјутерот? Какви апликации преовладуваат во твојот телефон?

Прељубата е во ред

Нимфоманките се промискуитетни, дури и кога имаат долготраен партнер тие не можат да ја задоволат својата жед за секс. Неверството е составен дел од нивниот живот, што не значи дека не го сакаат мажот со кој се во врска. Дали и ти одиш од кревет во кревет?

Продолжува на страна 2