СОЗР ќе обезбеди превоз и сместување за семејствата на лицата кои се лекуваат во странство

203

Почитувани,

Службата за општи и заеднички работи изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани и изразува поддршка за истрајност и верба за поскоро опоравување на хоспитализираните.

Ги повикуваме семејствата на жртвите кои се лекуваат во странство и имаат потреба од превоз или сместување, да се обратат на бројот 070270370.

Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош.

Во овие тешки моменти за семејствата на настраданите, веруваме дека поддршката од овој тип ќе им биде добредојдена како не би се соочувале со дополнителни трошоци и ресурси.

Прес служба за односи со јавност

СОЗР – Служба за општи и заеднички работи
www.vlada.mk/sozr