Една нова студија ги откри неверојатните способности на оваа бела пилула кај дијабетичарите

705

Овој лек, кој повеќето луѓе го имаат во домашната аптека, се покажа и како добра превентивна мерка.

Редовното земање на аспирин го намалува ризикот од развој на рак на панкреасот за 40 отсто кај пациенти со дијабетес и за 20 отсто кај општата популација, покажа новото истражување на научниците од University of Southampton и University Hospital Southampton.

Студијата е организирана од хуманитарната организација за рак PLANETS. Нејзините членови велат дека истражувањето донело значајно откритие за лекување на она што се смета за еден од најтешките видови на рак поради неговата ниска стапка на преживување.

Истражувачите од University Hospital Southampton ги разгледале податоците што им биле достапни за речиси 10.000 луѓе од UK Biobank – група од 500.000 луѓе на возраст меѓу 37 и 73 години, запишани во студијата помеѓу 2006 и 2010 година.

Тие откриле дека ризикот од развој на рак на панкреасот е намален за 40 отсто кај пациентите кои редовно земале аспирин и страдале од дијабетес (diabetes mellitus), како и за 20 отсто кај општата популација.

Тимот истакнал дека податоците се во согласност со претходните истражувања за превентивното дејство на аспиринот во развојот на други видови на рак. Студијата покажала дека помалиот ризик останува и по две години, односно по пет години од вклучувањето на субјектите во студијата.

Портпаролот на PLANETS изјави дека претходните истражувања покажале дека аспиринот успева да го блокира производството на ензими кои влијаат на зајакнувањето на воспалението во телото и го поттикнуваат растот на клетките на ракот.

Луѓето над 50 години кои развиваат дијабетес имаат десет пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани со рак на панкреасот отколку општата популација. И иако причините за поврзаноста не се јасно дефинирани, и во двата случаи се работи за болест на панкреасот и постои нетолеранција на шеќер. Најчестата форма, аденокарцином на дуктален панкреас (PDAC), има најниска стапка на преживување од сите видови на рак. За жал, обично се открива во напредна фаза со петгодишна стапка на преживување од само 5 проценти, се вели во соопштението на PLANETS.

Студијата на научниците од University of Southampton, објавена во списанието Pancreatology, се верува дека е најсеопфатната студија која ја испитува поврзаноста помеѓу секојдневната употреба на аспирин и PDAC, и прва што покажала дека редовната употреба на аспирин е поврзана со помал ризик од развој на рак на панкреасот.

Ракот на панкреасот се смета за еден од најсериозните форми на рак, и речиси сите пациенти со оваа форма на рак умираат во рок од пет години по дијагнозата, а подолгорочното преживување е ограничено на оние пациенти на кои им бил дијагностициран во рана фаза, кога ракот е погоден за операција, рече д-р Zaed Hamady, консултант за хепатобилијарна, панкреатична и роботска хирургија, University Hospital Southampton.

  • Во исто време, откривме дека трендот на рак на панкреасот се зголемува во светот, на сличен начин како и другите форми на рак и знаеме дека постои посебна врска помеѓу развојот на дијабетес и рак на панкреасот. Оваа голема студија покажува дека секојдневната употреба на аспирин, која традиционално е поврзана со намален ризик од развој на срцев удар или срцеви компликации, исто така може да го спречи развојот на рак на панкреасот, објави портпаролот на PLANETS.

  • Откривме и дека, во случај на земање аспирин и кај општата популација, ризикот од развој на рак на панкреасот е помал за 20 проценти. Порано ова се поврзувало со други видови на рак, особено со рак на дебелото црево, но сега истото можеме да го кажеме и за ракот на панкреасот.

  • Но, она што најмногу не изненадува е фактот што превентивното дејство е посилно кај пациентите кои боледуваат од дијабетес, со дури 40 отсто помал ризик кај таа група. Имајќи ја предвид поврзаноста помеѓу дијабетесот и ризикот од развој на рак на панкреасот и лошиот исход за сите пациенти, сметаме дека ова е многу важно откритие, објави PLANETS.