Работел за BBC и соработувал со NASA, а сега тврди | „Најдовме нечовечка вонземска интелигенција во нашата галаксија“ | Фото/Видео

418

Тој за новинарите изјави дека во следниот месец ќе бидат објавени докази за постоење на вонземјани.

Ако е точно она што го вели Simon Holland, режисер кој работел на документарни филмови на BBC и проекти финансирани од NASA, тогаш наскоро би требало да ја дознаеме револуционерната вест дека во вселената – не сме сами!

Досега сме слушнале многу различни теории за вонземјани, луѓето толкуваа многу феномени на небото како доказ за постоење на живот надвор од Земјата, а не треба ни да ве потсетуваме на Roswell и вселенското летало што наводно се урнало таму.

За сето ова сè уште нема конкретни, опипливи докази, но за тоа би можеле да дознаеме многу брзо. Барем ако се верува на гореспоменатиот Holland.

Според него, т.е. како што изјавил за Daily Mail, според негови извори, програмата за пребарување на вонземски сигнали открила сигнал кој укажува на постоење на нечовечка интелигенција во нашата галаксија. Треба да се нагласи дека не се работи за нешто ново, туку за сигнал кој е откриен уште во април 2019 година, кој доаѓа од регионот околу ѕвездата Proxima Centauri, која е оддалечена 4,22 светлосни години од нашата планета.

Потрагата по вакви сигнали ја води оксфордската непрофитна организација Breakthrough Listen, а според изворите на Holland, доказите се зголемуваат во прилог на теоријата дека сигналот бил испратен од напреден вонземски вид. Најдовме нечовечка вонземска интелигенција во нашата галаксија. А луѓето не знаат за тоа, коментира тој за Daily Mail. Сигналот од Proxima Centauri е особено интересен бидејќи на тоа подрачје има две потврдени планети – гасен џин налик на Јупитер и карпестата планета Proxima b, која е во зоната погодна за живеење.

Ќе дознаеме се во следниот месец?

Истиот сигнал го сретнале не само учесниците на овој проект, туку и кинеските истражувачи во рамките на нивниот проект FAST. Според Daily Mail, кинеското научно списание Science and Technology Daily објави пред две години, а потоа веднаш ја повлече публикацијата дека FAST пронашол вонземски сигнал. Сега постои можност, покрај тимот што ја води програмата во Oxford, кинеските истражувачи да објават и информации за постоењето на вонземска интелигенција неколку светлосни години оддалечени од Земјата.

Но, покрај теоријата за вонземски сигнал, постои уште една, помалку возбудлива и, се чини, пореална теорија. Според оваа теорија на астрономите од 2021 година, тоа е или лажно позитивен сигнал или некакво мешање предизвикано од технологијата од Земјата. Значи, тоа нема никаква врска со вонземјаните или нивната технологија, туку некакво мешање предизвикано од човечката технологија и затоа е ирелевантно.

Holland ги отфрла ваквите тврдења, но, се разбира, како и во сите претходни слични ситуации, јасно е дека без конкретни докази нема официјална потврда за постоење на вонземјани, но овие теми се секако интересни и ја разгоруваат имагинацијата. А дали шири лажни вести или навистина можеме да ја примениме поговорката „каде има чад има и оган“, треба да дознаеме наскоро бидејќи, наводно, Breakthrough Listen треба да објави информација за ова откритие во следниот месец.

Daily Mail контактирале со Breakthrough Listen за сигналот, но (се уште) не добиле одговор.