Споменатите астероиди ќе можат да се набљудуваат само со специјализирани телескопи, а научниците ќе го искористат нивниот премин за да ги проучуваат и на тој начин да дојдат чекор поблиску до разбирање на овие вселенски објекти и нивните функции.
Иако во убав и сончев ден не изгледа дека нешто се случува во близина на Земјата, всушност доста е „гужва“. Поточно, близу Земјата денеска ќе поминат не помалку од четири астероиди, од кои трите најголеми се со големина на куќа.
Лабораторијата за млазен погон на NASA (Jet Propulsion Laboratory – JPL) денеска го објави нивниот премин блиску до Земјата. Но, нема причина за грижа.
Како што истакнуваат од JPL, астероидите со пречник од 14 и 16 метри, именувани како 2024 TO4, TO9 и TX11, ќе поминат на доволно големо растојание што нема да претставуваат никаква опасност за животот на Земјата. Но, тие ќе бидат многу интересни за научниците да ги проучуваат.
Интересно е што во близина на Земјата ќе помине и помал астероид со димензии од само четири метри (2022 TB41), а во четврток покрај Земјата треба да „прелета“ астероидот 2024 SD2, за кој научниците проценуваат дека има дијаметар од 25 метри (т.е. големина на комерцијален авион).
Иако овие астероиди изгледаат големи од наша перспектива, тие се само ситни зрна во вселената. Имено, како што објаснува JPL, за потенцијално опасни објекти се сметаат само објектите поголеми од 150 метри во пречник, кои се приближуваат до Земјата на растојание помало од 7,5 милиони километри (или 19,5 пати повеќе од растојанието од Месечината).
Споменатите астероиди ќе можат да се набљудуваат само со специјализирани телескопи, а научниците ќе го искористат нивниот премин за да ги проучуваат и на тој начин да дојдат чекор поблиску до разбирање на овие вселенски објекти и нивните функции.
Инаку, интересно е што Земјата овие денови очигледно е во космички „танц со астероиди и една комета“. Астрономите со денови ја гледаат кометата C/2023 A3 (Tsuchinshan-ATLAS) и нејзината спектакуларна опашка, а три астероиди со големина на куќа исто така поминаа во близина на Земјата минатата ноќ. Се разбира, без загрозување на животот на Земјата.
Астероид со големина на автомобил, 2024 TA12, се приближил до Земјата (помалку од растојанието Земја-Месечина), но неговата траекторија била доволно предвидлива за да не претставува закана за нашата планета.
Останатите два се малку поголеми, TK11 од 2021година со големина на автобус и 2024 TH3 со големина на куќа, сè уште се далеку од Земјата, но доволно блиску за научниците да ги забележат, проучуваат и „испратат“ на нивното патување низ вселената.
JPL истакнува дека секое набљудување на астероид, без разлика колку е мал или далеку, е важно, бидејќи ја зголемува точноста со која астрономите можат да предвидат каде ќе се најде тој објект за неколку години или децении. А тоа може да значи и доволно време да се подготвиме за евентуална „блиска средба“.



















