Нов пробив во медицината ќе се запише во историјата утре, кога се очекува во аптеките во Велика Британија да се појави нов револуционерен лек против холестерол.
Лекот може да го преполови нивото на холестерол без несакани ефекти. Апчињата на име “Repatha” се првите лекови за лекување на висок холестерол, кои се произведени од 1980 година.
Лекот е првиот алтернативен метод за луѓе кои се соочуваат сериозни несакани ефекти од досегашните апчиња за контрола на лошиот холестрол. Во исто време новите таблети можат да го намалат со до 55%.
Лекот може да се зема заедно со традиционалните помагала за намалување на холестеролот во текот на 12 недели. Тестовите покажуваат дека по завршувањето на третманот, холестеролот е со до 75% помал отколку при лекување само со претходните лекови.
“Repatha” е одобрен како безбеден и ефикасен од Европската агенција за лекови.