Дали децата кои лажат треба да бидат тепани

1603

Со оглед на тоа дека овие денови во центарот на вниманието е приказната за тоа кои санкции родителите би требало да ги користат во воспитувањето на своите деца, еве што во врска со тоа велат експертите.

“Од детските усни излегува вистината”, вели старата поговорка. Сепак, дали децата кои лажат треба да бидат казнувани, ментално или физички?

Најновите истражувања покажуваат дека, кога ќе го фатите детето во лага, не треба да го санкционирате, бидејќи тоа е контрапродуктивно. Така барем велат канадските психолози чија студија е објавена во журналот “Journal of Experimental Child Psychology”.

– Казнувањето не ги охрабрува децата да ја зборуваат вистината – напоменуваат научниците од Универзитетот Мекгил во Монтреал.

Тие со скриена камера набљудувале 372 деца, на возраст од четири до осум години, кои биле оставени сами во соба. Ним им било забрането да гледаат во играчката која била поставена зад грбот. Повеќето од децата (67 проценти) ја прекршиле наредбата, а две третини од непослушните потоа излажале дека не се свртиле. Викторија Талвар, една од авторите на истражувањето, смета дека не е добро да се плашат децата со казни.

– Заканата со казна всушност има само спротивен ефект и ја намалува веројатноста дека детето ќе ја кажува вистината – рече таа.

За време на експериментот, децата кои најмалку лажеле се оние кои биле охрабрени да ја кажат вистината и кои биле уверени дека нема да бидат казнети. Имено, кога децата биле повикани на чесност, бидејќи тоа е исправно однесување (“да се каже вистината е добро”), 85 проценти од нив биле истрајни во лагата ако им се заканувале, додека 45 проценти од нив ја кажале вистината знаејќи дека нема да бидат казнети.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk