Русите тестираат нов противавионски систем и го подготвуваат невидливиот “Шах-мат” | Фото/Видео

1171

Русија го тестираше системот за противвоздушна одбрана S-500, а се очекува и претставување на невидливиот ловец Сухој.

Русија во вторникот објави дека успешно го тестирала својот нов систем за противвоздушна одбрана S-500, пренесува АФП, додавајќи дека Москва во изминатите години развила ново оружје поради напнатоста со NATO.

„Најновата генерација на ракетен систем S-500 на полигонот Капустин Јар спроведе пробно борбено стрелање на балистичка ракета со голема брзина“, соопшти Министерството за одбрана. „Целта беше погодена“, се вели во соопштението на руската војска, која прво објави акции на антиракетниот систем S-500.

Му нема рамен

Кога ќе завршат сите пробни тестови, S-500 ќе биде распореден во московскиот регион, како дел од единицата за воена противвоздушна одбрана. Русија тврди дека на системот S-500, со максимален дострел од 600 километри, му „нема рамен во светот“.

Тој систем ќе го замени сè уште многу софистицираниот систем S-400 што Русија го продаде на некои земји, вклучително и на Турција, која е членка на NATO.

На почетокот на јули, командантот на руското воено воздухопловство Сергеј Суровикин изјави дека S-500 „може да уништи ракети со среден дострел и, доколку е потребно, интерконтинентални ракети на нивниот последен дел од патувањто, како и хиперсонични ракети“.

„Шах-мат“

Тешко оружје во воздух и вода

Русија, исто така, вчера објави дека успешно тестирала хиперсонична крстосувачка ракета Циркон од новата генерација на оружје, за која претседателот Владимир Путин вели дека не ѝ е рмана ниту една на светот.

Министерството за одбрана објави дека проектилот бил истрелан од фрегатата „Адмирал Горшков“, воен брод стациониран во Белото Море, на работ на Арктичкиот океан, и дека летал со брзина седум пати поголема од звукот и погодил цел оддалечена 350 километри од брегот на Беренцовото море.

Русија планира да ги опреми своите подморници и воени бродови со ракетниот систем Циркон. Денес Путин треба да го посети и саемот за авиони MAKS-21, недалеку од Москва, каде ќе биде претставен нов руски невидлив ловец. Станува збор за едномоторен борбен авион произведен од Сухој наречен „Шах-мат“.