Родители ВНИМАНИЕ! Бебешка пудра на светски познат производител во моментов се испитува поради сомневање за присуство на азбест

1990

“Повеќе децении компанијата Jonhson & Jonhson била свесна за присуството на канцерогениот азбест во бебешкиот пудер кој го користат семејствата од целиот свет. Знаеле, но молчеле”, пишува Ројтерс.

Откритието е објавено по бројните тужби против компанијата, од кои многу од нив резултирале со милионски отштети кои Џонсон мораше да им ги плати на обвинителите. Во својата реакција, компанијата ги отфрлила обвиненијата од извештаите на Ројтерс.

Шефовите на компанијата знаеле сè

Тие тврделе дека студиите спроведени на повеќе од 100.000 луѓе покажуваат дека нивната пудра не предизвикува рак или болест поврзана со азбест и тврдат дека нивните производи никогаш не содржеле азбест.

Документацијата со која располага Ројтерс го покажува спротивното. Од таа документација е видливо дека сопствениците и извршните директори на компанијата знаеле за проблемот со азбестот, но дека одлучиле да го игнорираат и за него да молчат. Од Џонсон се бранат дека нивната пудра е тестирана повеќе пати и дека инспекциите во него не нашле ништо спорно.

По неколку извештаи за токсичност на пудрата на Џонсон, во 2016. година Индија направила голем примерок на пудрата, но во неа не било пронајдено ништо спорно. Откако извештаите на Ројтерс биле објавени, повторно ќе ги спроведат, а резултатите ќе бидат достапни следната недела.

Скандалот со асбестот во САД ја намали вредноста хартии од вредност на Johnson & Johnson за речиси 10% за само еден ден, а компанијата загубила околу 40 милијарди долари од вредноста.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.