Откриен речиси неограничен извор на чиста енергија | Достигната температура 10 пати повисока од центарот на Сонцето

1489
Јадрото на JET tokamak машина во Culham, Англија.

Фузијата е многу побезбедна, може да произведе малку отпад и бара само мали количини на гориво од природен извор.

Не постои сребрен куршум за климатската криза, но нуклеарната фузија можеби е најблиску. Во потрагата по речиси неограничен извор на сигурна енергија без јаглерод, научниците претходно генерираа енергија од фузија, но со децении се мачеа да ја одржат, пишува CNN.

Меѓутоа научниците кои работат во Обединето Кралство ојваија дека го зголемиле повеќе од двојно претходниот рекорд во создавање и одржување на нуклеарна фузија, истиот процес што им овозможува на Сонцето и ѕвездите да светат толку силно. Нуклеарната фузија е, како што сугерира името, фузија на два или повеќе атоми во еден поголем, што е процес кој ослободува огромна количина на енергија во форма на топлина.

Нуклеарната енергија што се користи денес е создадена со поинаков процес, наречен фисија, кој се потпира на цепење наместо спојување на атомите. Но, овој процес создава отпад кој може да остане радиоактивен десетици илјади години. Потенцијално е опасно и во случај на несреќа, што е потврдено со јапонската катастрофа во Фукушима во 2011 година, предизвикана од земјотрес и цунами.

Предности на фузијата

Од друга страна, фузијата е многу побезбедна, може да произведе малку отпад и бара само мали количини на гориво од природен извор кој го има во изобилство, а кое во голема мера може да се најде во морската вода. Ова е атрактивна опција бидејќи светот се оддалечува од фосилните горива кои ги поттикнуваат климатските промени.

Во огромна машина во облик на крофна позната како “tokamak”, научниците во близина на англискиот град Оксфорд успеале да генерираат рекордни 59 мегаџули постојана енергија на фузија во текот на пет секунди. За да го постигнат ова, научниците морале да ја подигнат топлината во машината на температура 10 пати повисока од центарот на Сонцето и да применат огромни количества притисок за да овозможат фузија.

Експертите тврдат дека резултатите докажуваат дека нуклеарната фузија е можна и дека таа повеќе не е само нереално решение за климатската криза.

„Овие значајни резултати не доведоа чекор поблиску до надминување на еден од најголемите научни и инженерски предизвици“, рече Ian Chapman, извршен директор на Управата за атомска енергија на Обединетото Кралство, кој го водел истражувањето во партнерство со EUROfusion, конзорциум од 4.800 студенти и луѓе од цела Европа. Проектот е финансиран и од Европската комисија.

Возбудливи резултати

Mark Wenman, истражувач на нуклеарни материјали од Imperial College во London, во изјавата рече дека резултатите од експериментот се „возбудливи“ и покажале дека „енергијата на фузија веќе не е само сон на далечната иднина – инженеринг кој ќе направи корисен, чист извор на енергија е остварлив и тоа се случува сега“.

Tokamak во Oxford, наречен и Joint European Torus (JET), бил подложен на таква екстремна топлина и притисок што овој експеримент е веројатно последниот со кој ќе треба да се справи. Но, неговите резултати се сметаат за голем благодет за ITER, фузиски мегапроект на југот на Франција, поддржан од САД, Кина, Европската унија, Индија, Јапонија, Кореја и Русија. Целта на ITER е да произведе десеткратно обновување на енергијата, односно 500 MW фузиона моќност од 50 MW внесено гориво.

Иако резултатите се ветувачки, совладувањето на нуклеарната фузија веројатно е уште далеку. Последниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) за најновата наука покажува дека светот треба речиси да ги преполови своите емисии на стакленички гасови оваа деценија и да достигне нула нето емисии до 2050 година за да го задржи глобалното затоплување под контрола. Ова значи брза транзиција од фосилните горива, како што се јагленот, нафтата и гасот. Со овие акции се обидува да го задржат загревањето до 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, што се смета за праг над кој се заканува значително влошување на климатските влијанија, според IPCC.