ОТИДЕ ЦЕЛИОТ СОНЧЕВ СИСТЕМ ! Уловен морничав момент на судир на две галаксии |”Не чека истата судбина, ќе биде тоа големо спојување”

1908

Неверојатна нова слика од вселенскиот телескоп Hubble на NASA/ESA ја снима интеракцијата помеѓу две активни галаксии во системот Arp 282.

Легендарниот вселенски телескоп Hubble, со кој управува NASA и Европската вселенска агенција (ESA), снимил неверојатен момент во кој голема галаксија (NGC 169) извлекува космички материјал од помала галаксија (IC 1559), пишува Mashable.

„Колку и да се смета дека овие интеракции се вообичаени во вселената, ретко е да се сликаат две галаксии кои комуницираат на толку видлив динамичен начин“, објаснуваат од ESA.

Поголема галаксија, со поголема маса, повлекува помала галаксија. Во таквите интеракции, „гасот, прашината, па дури и цели соларни системи ќе бидат повлечени од една во друга галаксија“, соопшти вселенската агенција.

И нашата галаксија еден ден ќе се судри со Андромеда

Благодарение на Hubble, можеме да видиме настан кој се случува од повеќе од двесте милиони светлосни години оддалеченост.

„Овој процес всушност може да се види во акција на оваа слика – се формираа деликатни струи на материја, кои видливо ги поврзуваат двете галаксии“, соопшти ESA.

Во иднина, нашата галаксија Млечниот Пат исто така ќе има интензивна галактичка интеракција. За околу четири милијарди години од сега, Млечниот пат неизбежно ќе се судри со поголемата галаксија Андромеда. NASA очекува голема фузија, која ќе резултира со една, голема галаксија.