Додека машкиот лик има панталони, женскиот е во фустан, а тоа сега може да биде малку застарено и ограничено.
Компанијата „Axosoft“ со седиште во Аризона, како дел од кампањата за изедначување на мажите и жените во одредени вообичаени машки занимања, излезе со идеја за нов женски знак за тоалет и го презентираше на конференцијата „Girls in Tech“, пишува „The Mirror“.
Танија Катан од „Axosoft“ тврди дека триаголникот што го претставуваl фустанот на женскиот тоалетен знак никогаш не претставуваl фустан. На новиот знак, тие го претвориле фустанот во наметка, па велат дека жените можат да бидат суперхерои.
Во науката, технологијата, уметноста, математиката, политиката, на улиците и во нашите домови, жените се честопати невидливи, непоканети или едноставно заобиколени. Девојчињата и жените заинтересирани за наука, технологија, механика и математика се малцинство, соопшти компанијата.
Кампањата „It was never a dress / Никогаш не беше фустан“ има за цел да поттикне разговори за прифаќање жени во која било професија. Не станува збор само за еднаквост на жените, туку и за пополнување на големиот недостаток на работни места во многу занимања.



















