Домашен балсам за коса со мајонез

1582

Природните балсами за коса се многу корисни за нејзиното здравје. Во нив не се содржат штетни хемикалии кои можат да имаат несакани ефекти врз организмот.

Во летото косата има потреба од повеќе влага и потхранување. Затоа нудиме домашен балсам со мајонез, јогурт и јајце за сеопфатна грижа.

Потребно

  • ½ чаша јогурт
  • ½ чаша мајонез
  • 1 белка

Сите производи се мешаат во сад до добивање на хомогена каша. По миењето на косата домашниот балсам се нанесува при што акцентот треба да паѓа на краевите. Почекајте балсамот да делува околу 5 минути, а потоа исплакнете со ладна или млака вода, никогаш топла.

За подлабоко потхранување почекајте балсамот да отстои на косата 30 минути . Можете да ја увиете со чиста крпа.

Ставајте од овој балсам на косата на два дена во период од 3 недели и ќе го забележите ефектот. Косата ќе стане сјајна, негувана и мека.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.