Свети Трифун | Зошто во друга религија го бараме она што веќе во нашата постои?

1556

Кај младите во Македонија чест е трендот да се прославува Денот на вљубените, иако се знае дека на тој ден св. Трифун се слави по православниот календар.

Она што многумина не знаат, кои претпочитаат туѓи празници, а од своето наследство и традиција бегаат, е дека Свети Трифун се слави како ден во кој се слави љубовта. Еве и како!

Покрај тоа што се смета за заштитник на лозарите и чувар на културите од невреме и штетниците, Свети Трифун е исто така заштитник на вистинската љубов на сите христијани. Македонската православна црква Св. Трифун го одбележува 14-ти февруари, според новиот календар, т.е. на 1 февруари според стариот календар и се одбележува како “Ден на љубовта и виното”.

Вообичаено е, на овој ден да се изрази љубовта со некој гест кон личноста која нешто ни значи во животот.

Ако планирате денот да го посветите на саканата личност или партнерот, би било идеално да го одбележите со некое вино и во исто време да го прославите нашиот заштитник на виното и лозовите насади.

Ако нашите предлози ви се неосновани, еве една приказна која постои со векови и која го потврдува тврдењето за Свети Трифун како заштитник на искрената и чистата љубов:

Според една народна приказна, големиот грешник Трифун, кој на душа носел 99 луѓе кои ги убил, бил осуден на Божја казна. Легендата вели дека казната би можела да биде изземена само кога би разлистал врбовиот корен. Трифун одгледувал бостан и на секој минувач по таа казна давал по една лубеница.

Меѓутоа, кога еден ден еден минувач, брзајќи, го одминал Трифуна и неговиот подарок, Трифун се стрча по него и многу лут и навреден, го удрил со лубеница и го убил.

Разочаран што го убил стотиот човек, се вратил, и што да види – врбата раззеленила! Имено, човекот што не можел да го спречи брзал да ѝ напакости на девојката која ја сакал пред нејзината мажачка. 

Ова, по народното толкување, е непростлив грев, со што ова убиство на Трифуна не можело да му се земе за зло. И така сите претходни недела му биле простени.

Сепак, во Македонија, повеќето го прославуваат Трифунден со своите сакани како домашна слава, и на тој начин ја споделуваат љубовта со секој драг гостин.

И вие, кои не сте свети и не одите на гости, имате идеална причина да потсетите некого колку го сакате!