Писмо на вљубено четиригодишното дете стана интернет атракција

25

Љубовното писмото на едно четиригодишно дете објавено на „Редит“, многу брзо се прошири и на останатите социјални мрежи и предизвика симпатии кај многумина.

„Сакаш ли да дојдеш во мојот дом? Заедно ќе си играме. Мислам дека си убава како коњ или буба мара. Не сум се уште сигурен помеѓу нив двете. Би требало да ме посетиш, па да јадеме сирење заедно. Те љубам и изгубив заб синоќа. Мислам дека би сакал да ти го покажам магионичарски трик, а потоа ќе можеш да ја видиш мојата борба со роботите“, стои во писмото четиригодишниот Бенет, кое на компјутер го напишала неговата мајка Џенифер Скинер и потоа го објавила на „Редит“.

Имено, Бенет се вљубил во четиригодишната Беили, па донел одлука да и признае. – Го прашав, на кого би сакал да го испратиш писмото, но тој ми одговори само: „Бејли секако“. Потоа седна до мене и ми диктираше, изјави Џенифер.

Таа вели дека Бенет во последно време зборува само за неа и секогаш напоменува дека ја сака нејзината „жолта коса“.

За неколку недели Бенет ќе наполни пет години, а тема на неговиот роденден ќе биде „витези и принцези“. Тој е многу возбуден, бидејќи Бејли ќе биде „принцезата“, пренесува „Индепендент“.

– На Бејли тоа и се виде многу чудно и незнае што да мисли за Бенет, а можеби сето тоа и е премногу, вели Џенифер, додавајќи дека воедно е среќна што неговото писмо предизвикало големи реакции.

– Ова малку ми го одвлече вниманието од неговата следна хемотерапија, која сепак е и последна. Имено, на Бенет уште пред шест месеци му беше дијагностициран рак и оваа последна посета на болницата во Портланд ме прави многу нервозна, открива Џенифер.