Постои нешто што ми се случува секој пат кога ќе зборувам или пишувам за проблемите на жените. Работите како дрес код, силување и сексизaм.
И секогаш добивам исти коментари: Не постојат поважни работи околу кои би требало да се грижиме? Можеби ние сме само премногу чувствителни, дали сме сигурни дека сме рационални во однос на своите проблеми?
Секој пат истото.
И секој пат се фрустрирам, како не разбираат?
Мислам дека успеав да сфатам како.
Едноставно не знаат.
Тие не знаат за нашето тивко соучесништво во оваа тортура на жената.
И покрај фактот дека живееме таков живот, ние не сме секогаш свесни за сите тие проблеми.
Меѓутоа, сè сме научиле инстинктивно, по грешка или со време сме ги минимизирале незгодните ситуации. Не се чувствувам добро, но соочени сме со тоа, затоа што ако не се соочиме со тоа, влегуваме во подлабоки проблеми. Затоа обично одиме по патот на помал отпор.
“Тие не знаат за нашето тивко соучесништво во оваа тортура на жената.
Тоа не е нешто за што зборуваме секој ден. Ние не им зборуваме на своите сопрузи или љубовници, ниту на пријателите секој пат кога тоа ќе се случи. Едноставно затоа што тоа станало толку често, проткаено низ сите пори на нашето општество, што едноставно секојдневно се носиме со тоа.
Можеби затоа и не знаат.
Можеби не знаат дека веќе со тринаесет години се соочуваме со мажи кои нѝ се загледуваат во деколтето. Нам годишниците на нашите татковци започнуваат да нѝ се додворуваат, бидејќи изгледаме пожелно. Не знаат дека нашите колеги од училиште испраќаат лути пораки, затоа што сме одбиле да излеземе со нив. Можеби не можат да сфатат дека често сме жртви на мобинг. А дека кисело се смееме и се преправаме дека ништо не се случува.
Најверојатно дури и не знаат колку често се случува ова. Не знаат дека тоа станало рутина. Затоа веројатно мислат дека ние повеќе и не го забележуваме тоа, бидејќи ние едноставно се навикнавме.
Навикнавме да ги игнорираме и минимизираме сите проблеми кои нѝ се случуваат. Не покажувајќи ги своите емоции, ги потиснуваме стравот и фрустрациите. Навлекувајќи насмевка со сила сокриваме сè она што се случува одвнатре и однадвор. Ова го научивме многу порано. Не дадовме дефиниција или не ставивме етикета на тоа. Ние дури и не се размислувавме дали тоа им се случува на другите. Но, научивме нашите реакции какви треба и можат да бидат. Тоа е реалност на тоа како да се биде жена во овој свет. Смеење преку сексизам, бидејќи чуствуваме дека немаме други опции.
“Навикнавме да ги игнорираме и минимизираме сите проблеми кои нѝ се случуваат. Не покажувајќи ги своите емоции, ги потиснуваме стравот и фрустрациите.
Одиме брзо низ психолошка листа за проверка. Дали ќе кажеме нешто што ќе влијае врз нашето образование / работа / репутација? Во моментов анализираме сè она што би можело да се стори погрешно да се каже. Дали треба да го повикаме надвор или љубезно ќе му насмевнуваме чекајќи тој да направи нешто, бидејќи ние нема да слушнеме/видиме/почувствуваме.
Тоа се случува цело време. А не знаеме секогаш да направиме разлика дали ситуацијата е опасна или бенигна.
Газдата е оној кој нѝ кажува дали нешто е несоодветно. Купувачот е оној кој е во право. Пријателот е тој кој се начукал во моментот кога ќе нè стегнал во аголот од кафичот и ќе каже дека опцијата пријател е одлична, и покрај фактот дека воопшто не сме заинтересирани. Мажите се тие кои се лутат ако го одбиеме. За секс, пијачка, разговор.
Се случува тоа толку често што веќе и не размислуваме за тоа. А потоа ќе почнеме да размислуваме кога еден од пријателите ќе ја натиска пријателката толку многу во агол да биде обвинет за силување. Кога шефот за Нова година ќе не бакне и ќе каже дека следната година ќе добиеме унапредување. Тогаш сфаќаме што се случува.
Но, што се случува со сите други ситуации? Сите оние моменти кога се чувствуваме непријатно и нервозно, но ништо повеќе од тоа не се случува? Во моментите кога едноставно ќе продолжиме да ја работиме својата работа како ништо да не се случило, бидејќи се убедиме себе си дека не е.
Тоа е реалноста да се биде жена во овој свет.
Смеење на сексизмот, затоа што немаме други опции.
Мачнина во стомакот, што ја игнорираме за да се дружиме со нив.
Прст на повик на мобилка секоја вечер кога се враќаме сами дома.
Држење клучеви меѓу прстите со надеж дека можат да послужат како некое оружје додека одиме кон својот автомобил.
Лажење дека имаме момче, само тој да сфати дека одговорот е НЕ.
Вртење во преполн клуб за да сфатиме кој кретен нè фатил за задник.
Па дури и да сфатиме кој е, веројатно нема да кажеме ништо, што да се прави, жени сме.
Поздравување на познати и непознати мажи, само затоа да не помислат дека сме премногу умислени и нема да ги поздравиме.
Не зборуваме со пријателите, родителите и сопрузите, бидејќи реално, тоа е нашето секојдневие.
Која понекогаш прераснува во насилство, навреди и силувања
Тоа се приказни кои ги зборуваме тогаш. Дури тогаш, кога стануваат алармантни и кога ќе нè доведат во опасност.
А треба да разбереме дека постои опасност во секоја од овие ситуации постои момент кога тоа ќе се претвори во напад, навреда и силување.
А тоа што не обрнуваме внимание на тоа, нема да нѝ помогне. Воопшто нема.
Сфатив дека повеќето мажи не се свесни за тоа. Тие знаат дека тие работи се случуваат, ги гледаат, а можеби дури и ги прават, но не се свесни за тоа што тоа им значи на жените. Не знаат колку често се случуваат такви ситуации.
Можеби треба да објасниме подобро. Да престанеме да се игнорираме себе си и да минимизираме сè во нашите глави.
Тие мажи кои велат дека има и поголеми проблеми, попаметни теми од оние за правата на жените, едноставно не знаат. Не знаат, затоа што не сме им кажале колку често се случува, да тие права ги немаме.
Можеби нашите мажи навистина се добри луѓе, но тие немаат идеја за тоа дека ние се соочуваме со овие прашања секојдневно.
Можеби сме толку навикнати на неправда, што не нѝ паднало на ум дека треба да се каже некому. А тие самите нема да забележат и да сфатат дека тоа е само врв на ледениот брег, работи кои се случуваат постојано.
Како впрочем тие би знаеле дека жените каде и да одат секогаш отвораат очи ширум за да не им се случи нешто. Затоа, важно е да им се каже. Молчењето нема да им помогне, бидејќи на крајот на краиштата тоа ќе изгледа како да немаме никаков проблем. Ние сме соучесници во злосторствата против жените. Секој ден.
Ние сме всушност свесни за својата ранливост. Свесни сме дека ако некој маж одлучи да нè нападне може да го направи тоа, затоа што е посилен од нас и што сака може да направи.
Мажи, ова значи да се биде жена. Секој ден.
Ние сме сексуални објекти, и пред да станеме свесни за својата сексуалност. Ние се чувствуваме непријатно и пред да научиме што е непријатност. Од детството, сфаќаме дека ќе нè гледаат, ќе коментираат и допираат постари мажи. А потоа тоа и го игнорираме, бидејќи станува нормално. Сфаќаме дека сме понежен пол, на кои им се потребни тие силни мажи, кои ќе нè штитат, но, исто така, и да ни кажат кој е кој, ако е потребно. Едноставно, ако сакаат.
“Ние сме соучесници во злосторствата против жените. Секој ден.
Затоа, следниот пат кога жените зборуваат за тоа како се чувствуваат непријатно и дека светот не е фер кон нив, слушнете ги.
Следниот пат кога жената ќе се пожали за тоа како на работа газдата ја нарекува “малечка” не запирајте да слушате, затоа што таа “преувеличува”.
Кога ќе прочитате текст за тоа дека жените се борат за своите права, не велете дека ги имаат и премногу. Слушајте.
Кога вашата девојка вели дека некој маж направил да се чувствува непријатно, не го игнорирајте тоа. Слушајте.
Слушајте, бидејќи вашата реалност, не е иста како нејзината.
Слушајте, бидејќи нејзината загриженост има основ и мотив. Тоа не е плод на нејзината фантазија, туку вистинска состојба.
Слушајте, затоа што има многу жени кои се малтретирани, силувани, но, исто така, и повредени на дневна основа. А таа знае дека постои опасност тоа да се случи со неа.
Слушајте, бидејќи и најобичниот коментар на некој непознат маж може да предизвика страв кај неа.
Слушајте, бидејќи ништо лошо не им се случило на оние кои слушаат, но се случило на оние кои не слушаат, како и на оние кои не се слушаат.
Едноставно слушајте, сè додека не е предоцна.
Текстот е преземен од Huffington posta и прилагоден



















