Коко Шанел | 20те најпознати цитати на легендарната креаторка

1593

“Со својот стил на облекување предизвикав потсмев на околината, но, во тоа и се состои тајната на мојот успех. Јас не изгледав онака како што изгледаат сите” – призна легендарната дизајнерка на која не се сеќаваме само по модата, туку и по советите кои ги делела во текот на животот…

Коко не остана запаметена само како една од најпознатите и најдобрите дизајнерки во светот, туку и како борец за правата на жените и еднаквост меѓу половите.

Впрочем, тоа го правела и преку својата работа – ја кроела женската облека инспирирана од машката гардероба, ги принудила жените да излезат од тесните корсети, да ја скратат косата за полесно да се чувствуваат и да бидат целосно опуштени, како и мажите!

Коко, освен за модата, сакала да ги советува жените и за убавината, ставот и однесувањето, а ова се нејзините 20 најпознати изјави кои засекогаш оставиле импресивна трага и ја зачувале сеќавањето на неа.

  1. Секоја девојка секогаш треба да знае две работи: Што и кого таа го сака.
  2. Колку девојката е полошо, толку треба да изгледа подобро.
  3. Без разлика дали нѝ се допаѓа или не, во животот на мажот постои само една жена. Сите други се нејзината сенка.
  4. Не ми се допаѓаат долгите јакни – во текот на разговорот со некој маж, јас не можам да видам како тој ме третира.
  5. Парфемот за жената зборува повеќе отколку нејзиниот потпис.
  6. Не се мажете за човек кој има паричник за монети.
  7. Не ме интересира што мислите за мене. Јас за вас воопшто не размислувам.
  8.  Ако сакате да го имате она што никогаш не сте го имале, мора да го работите она што никогаш не сте го работеле.
  9. Нема грди жени, постојат само оние мрзливи.
  10. Жената се грижи за иднината сѐ додека не се омажи. Мажот не е загрижен за иднината, сѐ додека не се ожени…
  11. Грижејќи се за убавина, треба да се започне од срцето и душата. Во спротивно, не постои козметика која може да помогне.
  12.  Жената која не користи козметика има премногу високо мислење за самата себе.
  13.  Да се воздржиме кога сме навредени и да не правиме сцена кога нѐ боли – ете тоа е идеалната жена.
  14. Никој не е млад по 40 години, но привлечни можеме да бидеме во секое време.
  15. Сѐ е во наши раце, затоа не смееме да ги подигнеме.
  16. Староста не нè штити од љубов, но љубовта нѐ штити од староста.
  17. Со својот стил на облекување предизвикав потсмев на околината, но, во тоа се и состоеше тајната на мојот успех. Јас не изгледав така како што изгледаат сите.
  18. Вистинска среќа е евтина. Ако за неа треба да платите висока цена, значи дека станува збор за измама.
  19. Ако сте родени без крила, не ги спречувајте да растат.
  20. Рацете се картичка за девојките, вратот е нивната лична карта, а градите нивен пасош.