Прв ден од есента! Некои ќе речат дека есента е најубавото време во годината, а други дека есента е само знак дека времето се менува на постудено и наскоро доаѓа зима.
Време е кусите маици да ги замениме со нешто потопла облека. Летото ги „спакуква куферите“, а есената го помина влезниот праг – денеска е првиот ден на есента.
Постудените денови не значат и потмурно расположение, бидејќи есента има некои адути кои ги нема летото. Еве го прегледот на осум нешта, поради кои есента има предност пред летото.
- За време на есента луѓето подобро спијат, поради пониските температури.
- Јаболките се природен избелувач на забите и можат да спречат Алцхајмеровата болест.
- По долгите врели денови, лоисјата на дрвјата ги добиваат најживите бои во текот на годината.
- Првиот и последниот ден на есента се менуваат за околу 24 часа секоја година, бидејќи Земјината орбита не е совршена.
- Заладувањето на луѓето им испраќа сигнали да се зближат, што есента ја става на врвот годишни времиња за вљубување.
- Аромата од пита од тиква е природен афродизијак.
- Некогаш тиквите се препорачувале за остранување на пеги и лечење на гризнување на змија.
- Првиот ден од есента е еден од двата дена во годината кога можете јајце да поставите да стои исправено.
Во вториот дел на прегледот, прочитајте уште некои факти околу есента. Крајот на летото и почетокот на есента се вика уште и есенска рамнодневница. Ноќта и денот еднакво траат по 12 часа, а тој феномен се јавува уште и во пролет, идниот ќе биде на 20 март наредната година.
Еве го вториот дел на прегледот
- Сезона аурора
Покрај прекрасните бои на лисјата, есенската рамнодневница сигнализира уште еден светлосен спектакл – оној на северните светла, односно aurorа borealis.
Според НАСА, геомагнетната бура двојно почесто се појавува во есен отколку во кое било друго време во годината, пренесува Live Science.
- Животните реагираат на есен
Живите суштества реагираат на промената на светлото кое доаѓа со есента. Дрвјата ги отпуштаат лисјата, а некои животни се подготвуваат за зимски сон, односно хибернација.
Есента кај некои животни носи и многу необични и видливи промени, па така кај сибирските глувци тестисите растат до 17 пати, што е јасен сигнал за размножување.
- Есенски полна Месечина
Есента има и своја полна Месечина, која уште се нарекува и Жетвена Месечина Тоа име го добила затоа што некогаш земјоделците го користеле светлтото на првата полна Месечина во есента за да ја извршуваат жетвата и навечер, после плодното лето.
- Зошто лисјата ја менуваат бојата
Климатските промени предизвикуваат реакција кај лисјата на постудени температури и помалку светлина. Лисјата тогаш престануваат да произведуваат хлорофил (зелени пигменти) кои им помагаат во фотосинтезата.
Бидејќи зелениот пигмент почнува да исчезнува, до израз доаѓа портокаловиот и жолтиот пигмент каотеноид. Силно црвената боја е резултат на антоцијанин, пигмент кој лисјата го произведуваат наесен.
- Кога паѓа рамноденицата
Есенската рамноденица секоја година паѓа на друг датум, но најчесто е на 22 септември, како што тоа беше вчера. Рамноденицата знае уште да биде и на 23 септември, но во 1931 година се случи и на 24 септември, а причина за тоа е тоа што грегоријанскиот календар не ја следи совршено позицијата на Земјата во орбитата околу Сонцето.
Земјата треба за 365.25 ден да направи круг околу Сонцето па датумот на есенската рамноденица е малку поинаков секоја година. Сепак, рамноденица следен пат ќе биде на 24 септември дури во далечната 2303 година.



















