Напиток со цвекло
Состојки
- 1 помала главица цвекло
- морков
- јаболко
- ½ шољичка вода
- 2 ротквици
- ½ лажица семки од сончоглед
- лажица мед
Подготовка
Излупете ги и исецкајте ги цвеклото, морковот и јаболкото и ротквицата. Испасирајте ги и додадете вода. Потоа додадете ги семките од сончоглед и додадете го медот. Матете додека смесата да стане пенаста.
Енергетска бомба со морков, јаболко и портокал
Состојки
- морков
- целер
- ½ црвена пиперка
- портокал
- ѓумбир
- јогурт
- јаболко
Подготовка
Излупете го јаболкото, морковот и целерот, а од пиперката извадете ги семките. Излупете го портокалот и изрендајте го ѓумбирот. Сите состојки ситно исецкајте ги. Морковот, целерот, пиперката, портокалот, ѓумбирот и јаболкот ставете ги во блендер, додадете го јогуртот и добро испасирајте.
Напиток од јаболко, киви и спанаќ
Состојки
- 2 зелени јаболки
- шака спанаќ
- киви
- ½ краставица
- 2 лажици јогурт
Подготовка
Излупете и исецкајте ги јаболките. Излупете и исецкајте го кивито и краставиците. Измијте го и исецкајте спанаќот. Ставете се во блендер и пасирајте.



















