Бактерии извираат од секоја шолја за кафе

145

Веројатно секојдневно со колегите во канцеларија разговарате пиејќи шолја кафе или чај, но сигурно не сте ни помислиле колку шолјите од кои пиете можат штетно да влијаат на вашето здравје.

Студија од Универзитет во Аризона покажала дека 20 отсто од шолјите содржат калиформни бактерии, а за нивно ширење допринесуваат валканите сунѓерчиња за миење на садовите.

Овие бактерии биле откриени во секоја петта шолја пред да биде измиена, додека потоа, верувале или не, тие биле присутни во секоја. За работата да биде уште полоша, во 20 отсто од случаевите, најдена е бактеријата ешерихија коли.

Па така, наместо да се грижите за тоа колку шеќер сте ставиле во кафето, би било многу подобро да се погрижите од што го пиете кафето.

Експертите советуваат од дома да си носите шолја или барем да ја измиете со чист сунѓер и детергент, пред во неа да го ставите подготвеното кафе.