Со векови, експертите и лаиците ширум светот се прашуваа – како Египќаните ги граделе пирамидите? Постојат многу теории, од кои некои се повеќе, а некои помалку веројатно (да не ги спомнуваме оние за вонземјаните), но новото откритие на археолозите во голема мера помага во одговорот.
Имено, северно од Луксор, археолозите пронајдоа рампа стара 4500 години, за која се претпоставува дека била користена за преместување на камени блокови од каменоломот до местото каде што треба да се гради пирамидата.
Секретарот на египетското Министерство за антиквитети Мустафа Вазири рече дека за изработка на статуите бил користен алабастер, иако варовникот бил основниот материјал за изработка на пирамидите.
Ова важно откритие, смета тој, е првиот доказ што ни кажува како тешките блокови биле поместени од каменоломот.
Системот за движење се состои од рампа во средина и две групи скалила на страна, со дупки за столбови, рече еден од археолозите кој го пронајде уредот.
Заедно со него, пронајдени се натписи во кои се споменува доаѓањето на фараонот на тоа место, како и камени „колиби“ во кои живееле работниците, пренесува „Business Insider“.
Сè уште не е познато како тешките варовнички блокови се искачувале по пирамидата, но можеби составот на рампата ќе даде барем дел од одговорот и на тоа прашање.



















