Не ги учете вашите деца да бидат богати, туку среќни!

1722

„Не ги учете вашите деца да бидат богати, научете ги да бидат среќни, па кога ќе пораснат ќе знаат да ги вреднуваат нештата, а не цената. И тогаш велам, ќе се чувствувате како реализиран родител, бидејќи тоа е онаа цена која нема цена“, вели психијатарот Викторија Вујовиќ.

Но како да ги научиме нашите деца денес да бидат среќни, ја прашавме Викторија Вујовиќ. Како да ги научиме да препознаат што значи да се биде среќен, кога кој се’ не им го нуди моделот на среќата.

„Нештата се во индивидуалноста во доживувањето на чувството на пријатност. Среќата не е универзален феномен, и кога на сите би ни дарувале подеднакво количество на среќа, сите не би биле подеднакво среќни. Кога децата ќе ја почувствуваат среќата во малите нешта кои го прават секојдневието, потикнувајте ги да ја споделат. Со зборови, без зборови, со насмевка, сјај или восхит во очите, може да ги потикнете и да нацртаат нешто кога се среќни, да ја отпеат или ислушааат музиката која ги прави среќни. Споделувајте ја среќата со врсниците, со помалите и повозрасните, тогаш среќата станува поголема и попрепознатлива. Важно е на нашите деца да не им го нудиме лажниот морал на среќа, да не ги збунуваме со двојните пораки (колку ние големите сме уморни или несреќни, а од нив очекуваме да бидат весели и среќни).

Преголемите очекувања од децата во процесот на нивното образование, од наставниците до родителите, прави расчекор меѓу желбите и можностите и води кон чувство кое е вознимирувачко. А вознемирено дете среќно не може да биде. Да им дадеме можност да почувствувуваат колку сме ние возрасните среќни кога се тие покрај нас. Да се потсетиме на нешта кои нас не чинеле среќни. Сепак, па и ние сме биле деца! Потикнувајте ги на непосредна средба со животот и обидете се да им ја објасните дека виртуелната комуникација отуѓува. Колачето кое ќе го приготви мама, зачинето со љубов, е највкусно. Кога тато ќе ве дочека пред училиште, најубаво е. Кога наставникот ќе ти каже дека ти можеш – детето е најсреќно.

И кога во детските игри во кои се слушаат гласови и се даруваат насмевки, кога се лутат, кога губат или победуваат, среќни се! Но, не инсистирајте да ви кажат дека се среќни. Тоа е погрешен начин на кој возрасните ја изнудуваат среќата од децата и со тоа ги прават само тажни. Зашто детето не сака да лаже. Ако ви каже – сослушајте го, ако не ви каже, тогаш почувствувајте го!“, вели психијатарот Вујовиќ.

Извор: makmoda.com

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk