На социјалните мрежи експлодираше нов скандал против ловци на ретки диви животни. Ловџика од САД е цел на критики откако објави фотографии од Јужна Африка на кои позира со застрелана жирафа.
– Бела американска дивјачка, делумно неандерталка, дојде во Африка и застрела многу ретка жирафа, благодарение на глупоста на Јужна Африка. Се вика Тес Томпсон Тели. Ве молиме споделете, е пораката што се шири на социјалните мрежи.
Фотографиите од жента беа објавени на твитерот на „Африка Дајџест“ минатиот месец и беа споделени илјадници пати, а луѓето повикуваат на масовен протест за заштита на дивиот свет.
Во мејл што го објави американската телевизија Фокс Њус, Тали во своја одбрана вели дека ловот на трофеи помага за заштита на животните.
– Жирафата што ја уловив беше јужноафрикански подвид на жирафа. Бројот на овие подвидови всушност се зголемува, делумно благодарение на напорите за конзервација што главно ги плаќаат ловците на голем дивеч“, напишала Тели.
Под притисок на јавноста, таа го избришала постот на Фејсбук на којашто имала напишано „Молитвите за мојот лов што се случува еднаш во животот се исполнија! Ја забележав црната жирафа и ја демнев некое време“.
Ловот на трофеи и сличните активности станаа контроверзна тема во Јужна Африка, на којашто и носат до 2 милијарди долари годишно.
Во 2015, друг американски ловец, Ребека Францис, беше фотографирана насмеана до мртва жирафа.
Истата година, убиството на лавот Сесил во заштитениот национален парк Хванге во Зимбабве се појави на сите насловни страници во светот.