Ако мислите дека растурате со математика, тогаш покажете се оваа задача.
Навидум едноставна математичка равенка ги збунува корисниците на социјалните мрежи и станува вирален хит. Една таква им зададе тешкотии на илјадници корисници на Твитер пред две години, а статистиката покажува дека повторно е главна тема за дискусија на социјалните мрежи.
„Решете го ова: 8 ÷ 2 (2 + 2) =?“, напиша корисникот што ја објави равенката и доби речиси 15.000 одговори.
„Прво загради, множење, па делење, така што верувам дека резултатот е 1“, додаде тој во коментарите.
„Сите оние кои напишале дека резултатот е 16 треба да се вратат на училиште“, „Имам две математички дипломи, резултатот е 1“, напишале корисниците.
Друг дал подетално објаснување. 8 ÷ 2 (2×2) = 8 ÷ 2 (4) = 8 ÷ 8 = 1 = Одговорот е 1. Решен со правилото – загради, делење, множење, одземање/собирање.
Редоследот на математичките операции
Сепак, други тврдат дека резултатот е 16 поради редоследот на математичките операции.
“Само следете го ова правило: 1. Загради, 2. Сметајте од лево кон десно. Точниот резултат е тогаш 4 X 4 = 16”, искоментирал еден од ученисците.
“Точниот одговор е 16. Кога проблемот е 8/2(4), треба да сметате од лево кон десно, бидејќи множењето и делењето имаат ист приоритет. Значи, прво 8/2, а потоа 4(4) = 16. Само запомнете го правилото за броење од лево кон десно, што многумина го забораваат“, вели друг корисник на Твитер.
Според јутјуберот Presh Talwalker, точниот одговор е навистина 16.
“Според редоследот на операциите, делењето и множењето имаат ист приоритет, така што правилниот редослед на пресметување е од лево кон десно. Прво подели 8 со 2, потоа помножи со 2”, објасни тој на својот блог.




















