Најчестите несакани ефекти кај вакцинираните се замор (56%), главоболка (43%) и болка во раката на местото на инјектирање (71%).
Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) ги објавија резултатите од студијата во која беа разгледани несаканите ефекти по третата доза од вакцината. Студијата опфати 306 луѓе кои примиле трета доза на вакцина Pfizer, а несаканите ефекти по третата доза биле многу слични со оние по примањето на втората.
Некои симптоми обично траат еден ден или два
Најчестите несакани ефекти кај вакцинираните се замор (56%), главоболка (43%) и болка во раката на местото на инјектирање (71%). Овие симптоми обично траат еден или два дена. Дополнителни вообичаени несакани ефекти се заморот во зглобовите или мускулите и зголемена температура, според CDC.
Почесто се присутни отечени лимфни јазли
Отечени лимфни јазли на пазувите се почесто присутни по третиот отколку по примарната серија од двете дози. Други несакани ефекти вклучуваат болка, црвенило и оток на местото на инјектирање и болки во мускулите или зглобовите, соопшти американската Агенција за храна и лекови (FDA).



















