“Големата мистерија на водата”! Документарен филм

2822

Авторскиот тим на филмот “Вода”, овојпат ни носи нешто поинакво. Станува збор за документарен филм во кој на научен начин се докажува како љубовта влијае на нас луѓето.

Покрај тоа, во филмот ќе ја дознаете целата приказна што се крие зад Свети Валентајн, заради која меѓу народот стана легенда и светец.

Во 2010 година камерманите Платон Конухов и Олег Кириченко добија награда ТЕФИ (Руска национална телевизиска награда за најголемо достигнување на полето на телевизиската уметност), а Анастасија Попова е номинирана за најдобра режија. Покрај нив, сценариото го напиша Марина Дајновец, а автор на идејата е Саида Медведева.