Шокантно откритие | До 2025 година секое второ дете ќе биде аутистично | Видео

1358

Научниците предупредуваат дека ова би можело да биде една од главните причини за аутизам! 

Се очекува дека до 2025 година кај секое второ дете ќе биде дијагностициран аутизам, а една од најчестите причини за овој проблем е опасната хемикалија позната како глифосат, тврди научник од престижниот институт MIT Dr. Stephanie Seneff.

Примарната активна состојка на Roundup хербицид на Монсанто, глифосат, првично бил развиен како индустриски агенс за чистење кој хелира тешки метали и други материи од затнати цевки. Кога беше откриено дека глифосатот може да убие микроорганизми, тој беше претворен во она што на крајот ќе стане еден од најчесто користените убијци на коровот (троскот, плевел, пиреј) во конвенционалното земјоделство.

Но, истражувањето кое го составила Seneff, заедно со податоците објавени од страна на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) открива, спротивно на тврдењата на Монсанто – дека глифосатот е “безбеден” за луѓето, а употребата на ова хемикалија директно е поврзана со зголемените стапки на аутизмот во текот на изминатите неколку децении.

Податоците објавени од страна на CDC во 2014 година покажуваат дека едно од 68 деца во САД е аутистично – во споредба со околу 1 од 2.000 деца во 1980 година. Интересно е дека аутизмот не бил дури ниту на радарот на луѓето, сѐ додека глифосатот не влегол во игра, бидејќи стапката на болеста нагло се зголемила со зголемената употреба на глифосатот во хемиското земјоделство.

Освен аутизамот, глифосатот е поврзан и со голем број други здравствени состојби: дефицит на вниманието и нарушување на хиперактивноста (ADHD), алергии на храна, астма, синдром на порозни / протекувачки црева, воспалителна болест на цревата (IBD), Алцхајмерова болест и деменција, срцеви заболувања, и рак – феномен опишан од д-р Senef како “поразителен/катастрофален”.

И не е само Dr. Seneffго кажува ова. Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) на Светската здравствена организација (СЗО) пред неколку години, заклучи дека глифосатот е “веројатно канцероген”. Сепак, сѐ уште се прска на конвенционална и генетски модифицирана (ГМ) соја, пченка, репка, цвекло, кикиритки и мешункаст зеленчук!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2