Финскиот образовен систем е најдобар во светот | Сега знаеме и зошто!

1994

Какви се вашите спомени на училиште? Што за одењето на училиште, велат вашите деца? 

Ние сме прилично сигурни дека поголемиот дел од одењето на училиште почесто претставува напор отколку задоволство и дека многу строги правила децата ги прекршуваат.

Детските психолози се согласуваат дека промената на пристапот во образованието би им помогнала на многу деца да го засакаат училиштето, наместо да го мразат. Сите сме ги слушнале децата во градинка како зборуваат дека одвај чекаат да тргнат на училиште и да започнат со првите лекции. Всушност, веројатно, и самите се сеќаваме на возбудата пред својот прв ден на училиште. Но, после тој прв ден, многу деца се разочаруваат во образовниот систем, кој го наоѓаат.

Реформите во образованието во никој случај не се едноставени или еднострани процеси, туку се комплексна работа која треба да ги допре сите делови на образовниот систем и пошироко од тоа. Идеалното училиште би било она во кое децата и наставниците со радост би оделе, кое би било отворено, би поттикнувало креативност и соработка и кое во процесот на учење би ја вклучувало  целата заедница.

Таквите училишта, всушност, веќе постојат, но во Финска.

Во училиштето, Saunalahti, во Еспо во Финска, пронашле генијален начин да се надминат овие проблеми. Тие почнале токму со училишната зграда која дури и не изгледа како училиште, туку како еден модерен музеј, совршено осветлен и полн со воздух.

Експертите од архитектонското студио Verstas се оддалечиле подалеку од вообичаениот строг дизајн на јавните училишта кој никој од нас не ги поднесува. Во непосредна близина едни со други, се наоѓа основно училиште, средно училиште, градинка, младински клуб, кино, кафетерија, библиотека, сала за вежбање и многу други објекти. Наставата се одвива во релаксирана атмосфера: на децата им е дозволено да седат каде што сакаат и на кој начин сакаат, а дискутирање меѓу учениците не само што е дозволено, туку е и пожелно.

Учениците можат да се движат низ училницата на своите мали канцелариски столови (се сеќавате како наставниците ви кажуваа да бидете мирни и да молчите на своите места?). Ако сакаат, тие можат да легнат на масата со компјутерот, на столче пред нив. Всушност, ова училиште наместо класични плочи, има лаптопи. Поголемиот дел од наставата се одвива по концептот на тимски проекти.

Во кафетеријата се среќаваат учениците и наставниците и тоа е исто така дел од образовниот процес. Има и сцена за претстави, а и просторот за јадење може да послужи и како простор за разни средби и прослави.

Отворените простории на училиштето особено се дизајнирани за на децата да им овозможат доволно простор за нивните активности. Просторот е поделен во дел за учениците од основното училиште и дел за средношколците. Секоја вечер училиштето се трансформира во центар за одмор и спорт за сите станари во областа. Спортската сала и работилниците се искористени до максимум.

За внатрешноста и надворешноста на зградата архитектите користеле само природни материјали, со што постигнале топла и пријатна атмосфера. Дури и надворешните ѕидови се направени со различни градежни методи и модели што, исто така, ги стимулира децата за учење. Во просторите наменети за игра и одмор (лоби и скали), ѕидовите се насликани со светли бои. Секој ходник кој води кон училниците, е обоен со различна боја, така што е невозможно да се изгубите.

Надворешните простори на училиштето внимателно се споени со внатрешни ходници предвидени за секоја група. Сите посебни делови од училиштето истовремено делуваат и како дел од една целина. Дизајнерите, исто така, веруваат дека било какви огради и ѕидови само дополнително ги охрабруваат децата да се бунтуваат против забраната. Поради тоа, целиот простор е целосно отворен. Постојат видео камери, но безбедносните мерки се многу дискретни.

Големите прозорци на училиштето гледаат на улица, што на учениците им дава чувство на поврзаност со надворешниот свет. Местата каде што децата се седнати се наоѓаат веднаш до прозорците, така што децата не се чувствуваат затворени со четири ѕида.

Во училиштата, кои се далеку од традиционалниот образовен модел, децата побрзо и подобро учат и се намалуваат разните психолошки проблеми, кои е нормално да се присутни во наставата. Во исто време, модерните училишта се во состојба да ја трансформираат целата населба, бидејќи нудат мноштво активности за целата заедница.