Многу жени се алергични на сперма

613

Дури 12 отсто од жените би можеле да бидат алергични на сперма, а кај некои од нив изложувањето на истата може да доведе и до анафилактичен шок, тврдат експертите.

Докторот Мајкл Керол, кој предава на студиите за наука за репродукција на Метрополис универзитетот во Манчестер, изјави дека најмногу се погодени жените на возраст меѓу 20 и 30 години. Кај нив симптомите се јавуваат моментално или еден час по изложувањето на сперма.

Симптомите се иритација, чешање, болно уринирање и екземи, додека во најсериозните случаи може да дојде и до фатална алергиска реакција на организмот.

Докторот Керол верува дека ова претставува многу чест проблем. Тој со своите колеги извршил засега необјавено истражување, кое покажува дека од оваа алергија се погодени 12 отсто од жените.

Тој истакнува дека симптомите на пречувствителност на човековата сперма често се мешаат со другите состојби, како што се дерматитис и сексуално преносливите болести.

Докторот заедно со своите колеги во болницата „Сент Мери“ во Манчестер дијагностицирал алергија кај четири жени и открил дека алерген е семената течност. Веројатно ја предизвикува состојката во течноста – гликопротеин.

Тоа значи дека лицето кое е алергично на сперма, не може од неа да се спаси, односно, со промена на партнерот не може да ја избегне алергиската реакција.

Во сите случаи ефикасни се покажале апстиненцијата од секс и секс со кондом.