Секое дете е надарено | Застарениот училишен систем ги претвора децата во губитници!

337

Секое дете е надарено, а ние тоа треба да го препознаеме, тврди германскиот научник и невробиолог Gerald Hüther, кој предупредува дека е потребна радикална промена во разбирањето на воспитувањето и образованието, бидејќи застарениот училиштен систем им штети на децата и на целата заедница, како во Германија така и во остатокот на Европа.

Тој, всушност, во хит книгата под наслов “Секое дете е надарено”, која и кај нас неодамна е објавена во изданието на Харфа, ги презентираше научните докази за поддршка на своите тврдења. Hüther забележува дека родителите и училиштата прават сѐ за да ги поттикнат способностите на децата. Имаме одлични ученици и студенти кои, меѓутоа, во светот на бизнисот се претвораат во губитници. Причината за тоа е, вели авторот, што образовниот систем се базира само на преносот на знаења и достигнувања, па на тој пат ние губиме многу неискористени и фрустрирани таленти.

Крути барања на системот

– Кој сака да биде лекар, во нашиот училиштен систем мора да биде добар математичар, но не мора да биде и емпатичен. Моменталното разбирање на поимот дарба и “интелигенција” не е само погрешно, туку и многу опасно – вели Германецот, кој за да напише книга го инспирираше искуството од престојот во природа со децата кои општеството ги стигматизираше поради дијагнозата на АДХД и ги прогласи за “проблематични”. Но, по само еден месец терапевтска работа на зајакнување на чувството на заедништво, тимската работа и емпатија, децата покажаа забележително подобрување во однесувањето и до излегоа нивните таленти.

А со Hüther се согласува и професорот Тања Џаковиќ, инаку член на Управниот совет за евалуација на образованието. Таа вели дека и хрватскиот образовен систем е прилагоден на помал број деца.

– Еден професор кој се користи со различни форми и методи на работа, најверојатно, ќе го прошири поширокиот спектар на диспозиции во учењето на децата. Меѓутоа, адаптацијата на наставничките приоди на децата не зависи само од наставникот, туку и од крутите барања на системот. Нашиот план и програма за работа е оптоварен со содржини и остава многу малку простор за самостојна работа – објаснува професорката и посочува дека навистина сите деца во почетокот на основното училиште имаат исти карактеристики.

Продолжува на страна 2