ПРОЕКТ ЗА БОРБА ПРОТИВ ЗАГАДУАВЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ “НЕМАМЕ ДРУГ СВЕТ“

676

Академијата за роботика и иновации е составена од млади професионалци кои имаат за цел да го воведат концептот на иновации во образовниот процес, да го поттикнат развојниот процес на таленти кај децата и младите, како и да ја стимулираат креативноста која на младите им помага за градење на лични и професионални вештини.

Преку бројни тренинг курсеви од областа на роботиката, програмирањето и LEGO® едукативните програми, академијата се стреми да им понуди на децата и младите едукативни можности кои не се целосно покриени во формалното образование.

Во рамките на целите за иновација и еко-свест, оваа година Академијата е дел од ЕРАСМУС+ програмата, преку партнерството во проектот „Немаме друг свет“ со училишта од Турција, Финска, Шпанија и Полска. Темата на проектот е заштита на животната средина, борбата против загадувањето и нивното влијание врз физичкото и ментално здравје на луѓето.

Академијата, преку иновативни интердисциплинарни програми и тренинг услуги, значително придонесува за развој на способности за решавање на проблеми, како и за подобрување на компетенциите на наставниците за воведување на нови едукативни форми во редовното образование. Овие активности и програми се од огромно значење не само за младите, туку и за сите граѓани на општеството.

На 7 октомври 2024 година, започна третата мобилност од проектот NOW (No Other World) во училиштето „Nurmijärven lukio“ во Република Финска. Во рамките на оваа мобилност, Академијата за роботика и иновации одржа обука на тема: Eco-Savvy: Leveraging Social Media to Champion Good Practices, на која присуствуваа 50 ученици.

На оваа обука, учениците имаа можност да научат како да користат различни алатки за графички дизајн и изработка на содржини за социјалните мрежи, вклучувајќи објави, видеа и други дигитални материјали. Обуката имаше за цел да ги инспирира младите да ги користат социјалните медиуми како платформа за промовирање добри практики во заштитата на животната средина.

Преку практични активности, учениците креираа и дизајнираа свои содржини на тема Еко-свест – со фокус на рециклирање, повторна употреба и одговорно управување со ресурсите.

Со оваа обука, нашата Академија уште еднаш ја потврди својата посветеност на едукација која поттикнува еко-свест и иновативност, помагајќи им на учениците не само да се информираат, туку и активно да придонесат за одржлива иднина.

Во рамките на проектот, почетните активности вклучуваат обука на наставниците, за да ја препознаат важноста на еколошкото образование и нивната улога во процесот на промени.

Нивната мотивација ќе се пренесе на учениците, кои преку семинари, конференции, дискусии и работилници ќе се запознаат со различни аспекти на еколошките проблеми, влијанието на тие проблеми врз здравјето на луѓето и универзални решенија како зелените практики, рециклирање и повторна употреба на отпадот.

  • Главните резултати од проектот ќе вклучуваат прирачник за академици, наставници и едукатори за улогата на воспитувачите во еколошкото образование;
  • онлајн курс за еколошко образование; водич за јавноста за еколошките проблеми и практични решенија;
  • меѓународни зелени клубови кои ќе обезбедат одржливост на активностите на проектот и ќе вклучат што повеќе луѓе во мисијата за заедничко спасување на светот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.