Мажите се како отворени книги | Набљудувајте ги и учете

1338

Несвесно, тој ќе ги открие сите ситници што се обидува да ги скрие од вас. Подобро ќе го запознаете вашиот човек ако го гледате како се однесува, игнорирајќи го она што го зборува. Бидејќи со зборови може да се манипулира, но навиките и однесувањето се тешки за исправување и затскривање.

Можеби никогаш порано не сте имале прилика да ѕирнете под неговата облека, не го сметаме тоа ако одите заедно на базен, што е само половично откритие. Поентата е дека ќе го видите гол, без присуство на кошула и друга облека што го крие неговото суштинско „јас“.

Во даден интимен момент, вашиот избраник нема да се воздржи, како што прави инаку, но без да каже ниту еден збор, ќе го посвети целото внимание на токму она што најмногу го сака кај вас.

Кога ќе се најдете лице в лице, односно колк на колк со вашиот сакан, ќе ви биде јасно кое е неговото ниво на самодоверба. Дали тој е оној што ја презема иницијативата или го чека вашиот прв чекор? Дали ги затвора очите додека ве бакнува? Дали ви кажува отворено што сака или не?

Настрана го тргаме исполнувањето на неговите потреби, но што е со вашите? Ако вашиот избраник е интуитивен и ако може да заклучи од говорот на вашето тело што ви се допаѓа или што прави погрешно, имате среќа! Додека сте интимни со него, имате можност да откриете дали тој слуша што му кажува вашето тело. Колку е подобар слушател, толку повеќе се грижи за вас.