Признајте си: и вие го проверувате вашиот хороскоп од време на време. Не секогаш ви помага, но во повеќето случаи делува смирувачки со работите кои ги прогнозира.
А, ние не можеме да знаеме дали навистина судбината не е напишана на ѕвездите, но има едно нешто на што секогаш може да рачунаме – виното.
Foodpanda, ги избра најсоодветните вина според зодијакот.
Овен – Шардоне
Вие сте храбар и сакате да правите нови работи. Токму поради тоа, секоја новина треба да биде прославена со чаша убаво вино. На знакот Овен, најмногу му одговара Шардоне.
Бик – Пино Ноар
Како Бик, сигурно имате вкус за подобар живот. На вас ви оди едно од најубавите и скапи црвени вина во светот- француското вино Пино Ноар.
Близнаци – Ризлинг
Близнаците можат да бидат како слатки, така и кисели. Поради двојната личност ние ви препорачуваме вино од сортата грозје ризлинг што има светла комбинација меѓу киселост и цитрусни ноти.
Продолжува на страна 2



















