Интересни факти за женскиот мозок

2536

Женскиот мозок е фасцинантен сам по себе, а посебно интересни работи се случуваат кога жената ќе стане мајка.

Главни виновници за тоа се хормоните, кои имаат големо влијание на женскиот мозок, па та, на пример, жените најмалку пари трошат за време на менструалниот циклус, а многу повеќе кога се во фаза на овулација.

Од друга страна, оние кои раѓале знаат дека жените во тие моменти имаат речиси неверојатно моќ на забележување на се што се случува околу нив.

Иако сите мислат дека породилните болки ги попречуваат сите сетила, вистината е сосема спротивна, а тоа е дека жените се свесни и за најмалата работа која се случува околу нив.

Хормонот на љубовта, окситоцин, има силно влијание врз жените, бидејќи се лачи при породување и доење, со цел да се зајакне врската меѓу мајката и детето, но по 50-годишна возраст неговата концентрација се намалува.

Тогаш во фокусот на жената не се децата, туку таа се враќа на кариерата или некое одамна заборавено хоби.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.