Кога е вистинското време на детето да му купите мобилен телефон?

470

Повеќето родители тврдат дека на своите деца им купиле мобилни телефони од безбедносни причини, а неколкумина со цел нивните деца да не се разликуваат од врсниците.

Децата денес во просек на седум години добиваат мобилен телефон.

Додека во ’90-те години од минатиот век децата своите први мобилни телефони го добиле дури во тинејџерските години, во просек на 13 години, денес таа граница се поместила за дури шест години, покажува студијата на британскиот мобилен оператор „Мобајл фоун чекер“.

Според студијата, повеќето деца денес мобилен телефон добиваат уште во прво одделение, со наполнети седум години, пишува „Дејли мејл“.

Околу 74 отсто од родителите велат дека на своите деца им дале мобилни телефони од безбедносни причини, за да можат да проверат каде се или за детето да ги повика, доколку му се потребни.

Дваесет и два отсто од родителите на детето мобилен му купиле, бидејќи тоа тоа го сакало или затоа што сите други деца околу него имаат мобилни телефони.

– И покрај тоа што главна причина за давањето мобилен телефон на седумгодишно дете е безбедноста, многумина сметаат дека тоа е прерано. Денес децата уште во прво одделение од осново училиште совршено работат со смартфоните, што е последица на се поголемата достапност и раното воведување на технологијата во животот, заклучува директорот на компанијата, која ја спроведе студијата, Адам Кабле.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk