Кога детето тивко ти каже „Може ли да ме префрлиш во друго училиште?“

660

Еден ден ќерка ми пријде и тивко, додека правев вечера ми рече:

„Може ли да одам во друго училиште?“
Без солзи.
Без жалба.
Само тивка молба.
Се обидов да дознаам што не е во ред, но повеќе молчеше отколку што зборуваше.
Следниот ден отидов „по работа“.
Вистината е дека отидов да набљудувам.
И ја видов:
сама, до оградата, со термосот в рака.
Група девојки ја турнаа.
Момче ѝ истури сок на блузата.
Друга ја сликаше тајно и им покажуваше на другите.
Ќерка ми не кажа ни збор.
Само ги стисна усните.
Како тоа да е секојдневие.
Најмногу ме заболе што една наставничка го виде сето тоа,
и само… продолжи.
Како ништо да не се случило.
Им пишав на училиштето.
Им објаснив за навредите, потсмевот, криењето тетратки — сè она што моето дете ми го кажуваше тивко.
Одговорот беше:
„Детски работи. Под контрола е.“
Но, не беш.
Попладнето ме праша:
„Дали реши?“
Одговорив: Да.
И дека никогаш повеќе нема да мора да оди во тоа училиште.
Само ја остави чантата,
и длабоко воздивна…
како да симна товар што сама го носела премногу долго.
Сега е во друго училиште.
Не поубаво. Не поголемо.
Но по-човечно.
Таму ја гледаат во очи.
Таму ја викаат по име.
Таму не мора да се „смалува“ за да преживее ден.

ЗАКЛУЧОК 

Дете не бара да смени училиште од каприц.
Бара — кога веќе не може да издржи.
Најболната вистина е дека не рануваат најмногу врсниците…туку возрасните кои гледаат, а не реагираат.
Никогаш не го забораваш моментот кога твоето дете, речиси шепотејќи, те моли да го однесеш од единственото место каде што треба да биде безбедно.