Во трка по невидено богатство | Астероидот 16 Psyche | Фото/Видео

663
Уметнички концепт на астероидот 16 Psyche, за кој се смета дека е одвоено планетарно јадро

Кога би го пронашле и експлоатирале, сите би станале милијардери! Почнуваат подготовките за мисија на астероидот на кој се крие невидено богатство.

Астероидот 16 Psyche, кој орбитира помеѓу Марс и Јупитер, содржи многу количини на скапоцени метали со кои сите жители на Земјата би можеле да бидат милијардери, соопштија научниците.

Големиот, 225 километри широк астероид, цел е на следната мисија на американската агенција НАСА која планира да испрати летало на него во 2022. година.

Целта на мисијата е да се утврди дали астероидот е остаток од поранешна планета. Тоа на научниците би можело да им обезбеди сознанија како настанала, но и како би можела да исчезне, нашата планета.

Експлоатација на вредни ресурси

– Длабоко во јадрото на Земјата, научниците откриле присуство на метали, но најчесто се наоѓаат на недостапни места под карпи и планини. Тие метални жили се важен дел од разбирањето како настанала Земјата. Но, со оглед дека научниците не можат да го измерат јадрото на Земјата, астероидот Psyche е важен и уникатен модел кој може да нѝ овозможи да добиеме увид во “насилната” историја на колизијата и геолошките појави кои довеле до формирање на населливи планети – објаснуваат од НАСА.

За астероидот се заинтересирани од научен аспект, но веќе се појавиле оние кои во проучувањето на овој вселенски објект гледаат финансиски интерес. Па така веќе има компании кои би сакале да ги искористат ресурсите на овој астероид кои ги чува во својата внатрешност. Се верува дека содржи големи количества злато, никел и железо. За какви ресурси се работи доволно зборува проценката дека само вредноста на железната маса на астероидот е околу осум трилиони британски фунти. Станува збор за број со 18 нули …

Доколку само вредноста на тоа железо рамномерно би се распределила на сите жители на Земјата, сите седум милијарди луѓе на овој свет би станале милијардери преку ноќ, укажува британскиот Mirror. За жал, веднаш додаваат, тоа е невозможно бидејќи светската економија, чија вредност се проценува на околу 60 билиони фунти, целосно би се распаднала со таква финансиска инјекција.

Сепак, постојат оние кои веруваат дека експлоатацијата на вселенските ресурсите ќе стане голем бизнис.

– Еднаш кога ќе биде можно да се постави инфраструктура во универзумот, сè ќе стане можно – изјави за новинарите Mitch Hunter -Scullion, основач на британската компанија Asteroid Mining Company. На астеродите има огромни пари кои ќе ги заработат оние кои се доволно храбри, додаде тој.

При тоа Psyche не е единствениот астероид на кој рударските компании го фрлиле окото. Се верува дека UW-158 содржи деведесет милиони тони платина во вредност од три билиони фунти.

“Нема каде да одиме”

Дебатата за ресурсите на астероидите е поинтензивна, но ги има и оние кои тврдат дека експлоатацијата на вселенското рудно богатство би можело да биде катастрофално за човештвото. Се верува дека ако се впуштиме во тој потфат, луѓето во речиси четири века целосно би ги исцрпиле ресурсите кои нѝ се достапни во универзумот.

– А еднаш кога целосно сме го исцрпиле Сончевиот систем, ние немаме повеќе каде – изјави за Mirror Martin Elvis, висок астрофизичар на Smitshonian Astropyshical Observatory во Cambridgeu.