ОВОЈ ТИНЕЈЏЕР ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ГО СЛАВИ КАКО ХЕРОЈ | Видео

289

Девојчето паднало низ отворен прозорец од вториот кат, но некој ја спречил трагедијата.

Еден 17-годишник е прогласен за херој откако фатил двегодишно дете кое паѓало од зградата.

Алжирецот Феузи Забаат (17) успеал да ja фати двегодишната Дохо Мухамед, која се сопнала и паднала од отворениот прозорец на вториот кат од зградата, додека нејзината мајка била во кујна и готвела, пренесува ББС.

За среќа, Забаат од улицата на време видел дека детето паѓа од прозорецот и успеал да ја фати, па затоа малечката не претрпела никакви повреди. Сè се случило во Турција, Истанбул.