Дали хомосексуалноста е болест?

228

Кога расправаме за хомосексуалноста како болест, важно е на почетокот да утврдиме неколку работи.

Прво, при барање на одговорот на прашањето дали хомосексуалноста е болест, важно е да се разгледа научниот пристап од квазинаучното.

Како второ, исклучително е важно да се разликуваат две групи на хомосексуалци, онаа која ја застапуваат хомосексуалноста како легитимен стил на живеење, и онаа втората, чиишто индивидуи се дискретни и токму затоа се оставени сами на себеси во наоѓање подобри решенија од она што им го нуди првата група, по свој менталитет многу агресивна група.

Во овој текст ќе ги наречеме членовите на првата група за милитантни хомосексуалци, а втората за дискретни хомосексуалци.

Третото, што произлегува од второто, треба бидеме свесни дека милитантните хомосексуалци и нивните здруженија кои наводно ги застапуваат хомосексуалците и нивните интереси, всушност ги застапуваат интересите на само еден дел од хомосексуалците, и со своите настапи им штетат на дискретните хомосексуалци.

Милитантните хомосексуалци на јавноста го пласираат својот став дека хомосексуалците се такви родени, при што се споменува и генетското наследство, па затоа во хомосексуалноста нема ништо неприродно, а оттаму потоа извлекуваат заклучок дека хомосексуалноста не може да биде болест. Оваа теза првенствено е од субјективна и емотивна, а не од објективна природа. Ако некој е роден во одредена состојба, тоа само по себе не значи дека таа состојба мора да биде здрава, и освен тоа, кога хомосексуалноста би била генетски наследна, тогаш таа одамна би изумрела, бидејќи хуманата репродукција не е можна меѓу истополови партнери, па така ниту наследно пренесување на гените. Понатаму, не постои ниту една сериозна научна студија која би ја потврдила оваа теза за наследната хомосексуалност, додека, напротив, постојат многубројни клинички студии, кои потврдуваат дека хомосексуалноста настанува со сплет на околности во текот на развојот на детето, а причините се најчесто во несоодветни или дисфункционални односи на родителите и околината кон него. Бидејќи не постои никаква научна студија која би ги поткрепила тврдењата на милитантните хомосексуалци, за да добијат призвук на наука, тие честопати ќе се повикаат на одлуката на Американското друштво на психијатри, кое во 1973. година ја отстраниле хомосексуалноста од листата на душевни болести.

Продолжува на страна 2