Будењето и *ексот | Одат ли рака под рака?

918

Жените вложуваат многу напори за да бидат атрактивни и секси.

Од строгиот режим, до спортот до болка и досадни разубавувачки процедури – сè во името на ритамот и самодовербата. Некои од “ритуалите за убавина” сепак може да тргнат наопаку за кратко во љубовниот живот.

Еве и со кои треба да внимавате и зошто:

Коламаска и ласерско отстранување на влакна

“И двете процедури привремено ги отвораат фоликулите на влакната, па може да се почувствува иритација на кожата и да станете поподложни на инфекции”, вели Емили Вајс, дерматолог од Масачусетс.

Неодамнешна студија тврди дека овие мали прекини на кожата кај процедурите го зголемуваат ризикот од заразување со некои болести кои се пренесуваат по полов пат. Значи подобро воздржете се барем 24 часа после отстранување на влакна пред да имате секс, за да може кожата да се смири, а фоликулите на косата да се свиткаат.

Пилинг на лицето

Без разлика дали пилингот е хемиски или не, кожата на лицето најверојатно ќе стане чувствителна. Кај некои дами дури би можело да дојде до оток. Во најмала рака бакнувањето и триењето ќе ви предизвикаат непријатност. 24 часа се доволни ситуацијата да се смири.

Ботокс

Нема проблем да се занесете во брз секс, но оставете ја љубовната предигра за по деноноќието. Кога сте го третирале лицето со ботокс, убаво е да не правите гримаси и да го држите максимално имобилизацино во рок од 24 часа, додека супстанцијата се разнесе, апсорбира и проникне во кожата правилно, објасни Вајс.

Вештачки тен

Почекајте неколку часа со сексот, ако сте поминале “сесија” со вештачки тен. Така нема опасност тој да се разнесе по телото на партнерот, по чаршафите или да се ишарате нерамномерно по вашата кожа и дадобиете дамки.

Самото средство за вбризгување не мириса особено пријатно, па и доживувањето ќе биде поубаво за двајцата, ако има доволно време да се исуши и вие да поминете мирно под туш и да добиете миризлива кожа.

Маникир

Освен ако не се обложувате на модерните лакови со печење, гелови и акрил, почекајте неколку часа по маникир додека се уверите дека е исушен целосно. Би било прилично глупаво да седите еден час на столот и потоа да го уништте сето бидејќи ве удрил нагонот.