Делови од емиш и зарзават кои ги фрламе, а се исклучително здрави

120

Некои делови од овошјето и зеленчукот при чистење ги фрламе.

Иако во повеќето случаи нема да погрешиме, постојат неколку примери каде тоа што 99 отсто од луѓето го фрлаат е здраво и корисно.

Проверите дали и вие правите некоја од овие грешки…

Семките од диња

Овие семки обично се првата работа што ја фрламе кога ја отвораме дињата, но тие се полни со протеини, влакна, витамин Е и магнезиум. За да бидат вкусни, испечете ги во рерна и прелејте ги со маслиново масло.

Лушпата од кромид

Оваа крцкава обвивка е богата со кверцетин, состојка која го намалува крвниот притисок и помага во одржување на имунитетот. Лушпата можете да ја искористите така што ќе ја додадете во гулаш или вариво, а потоа ќе ја извадити пред сервирање.

Кората од лубеница

Кората од лубеница е богата со аминокиселината цитрулин, која може да го подобри вашиот крвоток. Уфрлете ја кората во цврст, поквалитетен блендер, заедно со месестиот, црвен дел што инаку го једете, со јагоди, и малку сок од портокал. Ќе добиете освежувачки „смути“.

Листовите од брокула

Овие месести листови се троен добиток, бидејќи се богати со витамин А, витамин Ц и калциум. Исечкајте ги и ставете ги во тава со другиот зеленчук и остатокот од брокулата.

Листовите на целер

Верувале или не, овие листови се исклучително вкусни и полни со магнезиум, што помагаат во изградбата на мускулите, потоа со калциум што ќе ви ги зајакне коските, и со витамин Ц. Подгответе га како кој било друг лиснат зеленчук, односно додајте ги во пилешка или супа од зеленчук.

Корка од портокал

Веќе знаете дека одлично мириса, но веројатно не сте знаеле дека освен тоа е богата со влакна кои благотворно дејствуваат на вашиот дигестивен тракт, а и со витамин Ц што ќе ви го крене имунитетот. Најубава ќе биде доколку ја изрендате врз пилешко или риба.

Стебленцата од блитва

Доколку налетате на блитва која има виолетово-црвени стебленца, знајте дека е богата со каротеноиди кои имаат дејство како антиоксиданти кои се вистински борци против болестите. Исто така, полна е со витамин К, важна состојка која ќе го зачува здравјето на коските. За вашето непце да ужива, динстајте ги стебленцата со печурки и лук, и уживајте во вкусниот прилог, препорачува „Њујорк пост“.