Делови на женското тело кои мажите ги обожуваат

256

Колку се жените, кои можат да кажат дека си го сакаат своето тело? Сигурно нивниот број е помал во споредба со оние кои имаат забелешки.

Обично, додека стоиме во огледалото, се фокусираме на оние делови кои не ни се допаѓаат.

Велат дека нашата перцепција е нашата реалност, и тоа е сосема точно, особено што се однесува за нашето тело.

Излегува сепак, дека мислењето на мажите е сосема поинакво, бидејќи партнерот обично ги гледа истите тие делови на нашето тело, кои не ги сакаме, но со страст и желба.

Ова се делови на женското тело кои жените можеби ги мразат кај себе, но мажите ги обожуваат

Градите

Може да мислиме дека градите ни се премногу големи, мали или со чуден облик. Сите овие проблеми најверојатно се целосно неосновани, бидејќи градите се меѓу омилените делови на женското тело за мажите. Ако го прашаме партнерот што мисли за нив, одговорот може да нè изненади.

Стомакот

Спротивно на популарното мислење, тој не е заинтересиран особено дали имате оформен и рамен стомак или не. Тој го сака стомакот токму таков каков што е.

Задникот

Додека има соодветна “перница”, на која може да се порадува, партнерот ќе биде задоволен од големината на задникот, без разлика колку големи или мал мислиме дека е.

Нозете

Тие се многу сензуални и еротски. Ако сакаме да дознаеме какво е влијанието на нозете на нашиот партнер, само треба да облечеме кратко здолниште, високи потпетици и да уживаме во реакцијата.