Војната во Украина предизвика и голема еколошка штета

1074

Greenpeace и еколошката организација Ecoaction во вторникот објавија дека документирале речиси 900 случаи на сериозно оштетување на природата во Украина предизвикано од руски напади.

Мора да се посвети поголемо внимание на ова уништување на животната средина предизвикано од војна, рече во Берлин Denis Zuzajev, експертот на Greenpeace за Централна и Источна Европа.

Наведувајќи ги шумските пожари, истекувањето на токсичен гас и излевањето нафта во Црното Море, групите повикаа на итно воспоставување програми за да се помогне во елиминирање на опасностите и обновување на природата и животната средина.

Ќе бидат потребни значителни финансиски средства, акција и посветеност за обновување на природата и животната средина, додаде Зузајев во изјавата. Овие средства треба да се распределат сега, а не по завршувањето на војната.

Активистите презентираа и интерактивна мапа на најсериозните случаи на еколошка штета. Голем дел од штетата е потврдена со сателитски снимки.

Презентираните примери вклучуваат шумски пожар на повеќе од 17.000 хектари земјиште во источниот регион Луганск, наводно предизвикан од руски ракети.

На многу места во Украина течел отровен чад од согорувањето на фосилните горива во електраните.

И во јули 2022 година, тим експерти за заштита од радијација документирал штета во зоната на исклучување околу нуклеарната централа Чернобил.

Според студијата, погодени се околу 20 отсто од заштитените подрачја во земјата. Покрај директното уништување, опасност е и долготрајната изложеност на остатоци од муниција, посочуваат организациите.

Војната влијае на природата исто како што влијае на луѓето и инфраструктурата, рече Jevhenia Zasiadko, раководител на одделот за клима на Ecoaction.

  • Природата е „тивка жртва“ па штетите главно остануваат незабележани, додаде таа и предупреди дека последиците ќе се чувствуваат долго време.

Затоа, реставрацијата на животната средина мора да биде дел од севкупните планови за реставрација.