Преубавата и моќна, на прагот на 40-та година актерка Шарлиз Терон вели дека не и е јасно како тоа целиот концепт за женската убавина се врти околу 20-годишни девојки.
– Мислам дека жените ја пронаоѓаат својата сила и моќ во својата сексуалност, сензуалност, во созревањето, стареењето и доброто чувство околу сето тоа. Иронично е дека концептот на убавина го создаваме околу 20-годишни девојки, кои се уште немаат мудрост и не знаат што е живот, вели славната актерка.
– Кога жената ќе има самодоверба и свесна за своите вредности, не поради мажите, туку поради себе, тогаш тоа е прекрасна работа. затоа верувам дека е вистина кога се вели дека 40-те години се најубавите за жената, потенцира оваа убавица.



















