Моќната АЛФА ЖЕНА понекогаш изгледа страшно, но таа има многу повеќе од својот силен карактер

261

Моќната алфа жена е најдобрата девојка што некогаш ќе ја имате!

Зошто и кои се тоа нејзини други карактеристики кои ги обожувате, дознајте во текстот подолу.

Ќе биде 100% отворена да ви даде до знаење која е всушност таа. Нема да мора да се прашувате дали ги толерира работите само поради вас, затоа што, искрено, многу и е гајле. Таа ќе биде уникатна, посебна, оригинална и секогаш нејзина, бидејќи таа ја има својата мантра “Земи ме каква што сум или ме гледај како заминувам”. Има свое достоинство и смета дека не треба да глуми невина и кревка девојка за да не ве исплаши.

Ќе те предизвикува да бидете подобар маж. Ако има нешто што постои што нејзиниот човек сака во животот, било да е проектот или цел према која оди, таа ќе го поддржи и ќе го турка напред. Таа сака нејзиниот партнер да успее, бидејќи знае дека нивниот живот ќе биде подобар ако двајцата победуваат.

Таа живее со полни гради што значи дека е забавно да се биде со неа. Кога не работи со полна пареа, ужива во животот најдобро што знае и умее. Не е повлечена личност која ќе остане дома и гледа филмови, туку со задоволство оди меѓу луѓе или ќе испланира патување.

Да те посакува нема да има потреба. Не и е потребен маж за да успее во животот и преживее, зашто сѐ самата ќе си постигне. Тоа значи дека ако е со вас, тоа е затоа што сака да биде со вас, а нема ништо подобро и искрено од жена кој вистински сака да биде со вас.

Нема да ви се дере ако нешто не направите. Ако заборавите да го направите она што сте го ветилте, нема да ви приговори туку самата ќе најдете начин да го направи. Уште подобро од вас.

Никогаш нема да се откаже од важните работи. Нема да ја отфрли вашата врска веќе на првиот знак за борба, затоа што борбата е нејзиното средно име. Ќе се соочи со сите предизвици, борби и проблеми со високо-крената глава и нема да се двоуми да пронајде пат за да ви биде уште подобро.

Таа ќе го направи првиот чекор без двоумење. Сексот со алфа-жена секогаш ќе биде волшебен, не само што вообичаено ќе ужива во страста и интимноста туку нема да се двоуми да го направи тоа.

Не треба да се грижите за неа. Ако оди со своите пријателки на пат или некаде без вас, без гајле, нема потреба да се грижите дека нема да се снајде и дека ќе мора да одите по неа да ја спасувате. Таа е жена, а не принцеза.

Таа никогаш нема да се откаже од себе. Алфа жената секогаш имаат своја цел. Тоа исто така се мисли и на кариерата, здравјето, како и изгледот, така што не мора да се грижите дека ќе падене во мрзлив период или депресија и ја дочекате дома со расчупана и мрсна коса и пижами. Ќе има денови кога ништо нема да ѝ се работи, како и секоја друга жена, но тие денови нема да траат долго, затоа што нема да може да поднесе да не биде најдобрата верзија од себе која може да биде.

Исклучително лојални на оние што ги сака. Кога таа сака, таа навистина сака. Ќе ве предизвика да биде најдобрата верзија од себе додека се грижи за вас на сите можни начини и огромна поддршка во сè. Таа гледа на својата врска како на непроценливо партнерство и ќе работи на тоа од вас да направи најдобар пар. Бидејќи не се согласува со малку, таа го сака само најдоброто, а ако е со вас се чини дека е поприлично сте го окупирале нејзиното внимание.

Ања Михаљевиќ