За да ги спречите проблемите на срцето, потребно е здраво да се храните.
Намалете го внесот на солта и маснотиите за да не дојде до стеснување на крвните садови и срцев удар. Овој природен лек може да ви помогне.
Јадете повеќе овошје и зеленчук. Се препорачува да консумирате повеќе банани бидејќи се полни со калиум кој е добар за срцето.
Движете се повеќе, одржувајте нормална тежина, бидејќи со прекумерната луѓето имаат поголеми шанси да добијат срцеви заболувања или срцев удар пред нивниот 30-ти роденден. Овој природен лек може да ви помогне кај срцевите проблеми.
Потребни состојки
- 10 стебленца од магдонос
- 300 гр мед
- 1 литар домашно вино
- 2 лажици вински оцет
Подготовка
Ставете десет свежи стебленца од магдонос заедно со лисјата во еден литар чисто природно вино и додадете 1-2 големи лажици чист вински оцет. Варете 10 минути на тивок оган. По додавањето на 300 гр. вистински мед варете на ниска температура уште 4 минути.
Топлото вино ставете го во топло шише претходно измиено со силен алкохол. Затворете го. Создадениот талог не е штетен и може да се пие слободно.
Овој природен лек ќе ве зајакне и ќе ги спречи проблемите со срцето. Исто така, неопходно е да со консумирањето и здраво се храните.
Употреба
Пијалокот се користи секој ден по една лажица наутрото на празен стомак се додека симптомите не престанат. За посериозна болест неопходно е да се користи подолг временски период.



















